во Галиполе

Комеморација по повод битката во Првата светска војна

Истанбул.24 април 2015 (МИА) - Дваесетина политички лидери и високи претставници од светот,се собраа денеска во Галиполе,во западниот,европски дел на Турција,за да присуствуваат на комеморацијата по повод 100-годишнината од битката во Првата светска војна,меѓу силите на западната алијанса и војската на тогашната Отоманска Империја.

Покрај турскиот претседател,Реџеп Таип Ердоган,на комеморацијата учествуваат и британскиот престолонаследник,принцот Чарлс,неговиот помлад син,принцот Хари,како и премиерите на Австралија,Тони Абот и на Нов Зеланд, Џон Ки.

Битката кај Галиполе,на тесниот полуостров покрај брегот на Мраморното Море,се смета за една од најкрвавите во Првата светска војна,во која на двете страни загинаа околу 141 илјада војници.

Борбите почнаа во април 1915 година,со поморска и копнена инвазија на сојузниците,на галиполскиот полуостров,со намера да се скрши отпорот на отоманските војници и од таму да се продолжи кон Константинопол (денес Истанбул) и за да се освои.

Сојузниците наидоа на неочекувано силен отпор на војниците на Империјата,предводени од командантот Мустафа Кемал,подоцна познат како Ататурк и како основач на современа Турција.

Борбите на Галиполе траеја осум месеци,се до јануари 1916 година,кога сојузничките војски се повлекоа,не успевајќи да навлезат подлабоко на територијата на Отоманската Империја,повеќе од десетина километри.

Во оваа неуспешна операција,учествуваа 350 илјади британски војници,79 илјади Французи,74 илјади војници од Австралија и Нов Зеланд кои прв пат беа вклучени во една меѓународна воена операција како независни држави,како и војници од Индија,од Њу Фаундленд и од британските и француските домининони и колонии. Наспротив нив,во одбраната на оваа битка,беа 400 илјади отомански војници.

Вкупно 86 илјади отомански војници загинаа, или умреа од повредите при војувањата,како и 55 илјади сојузнички војници,од кои најмногу (35 илјади) Британци.

Учесниците на денешната комеморација полагаат венци и цвеќиња на споменикот во Галиполе и на гробиштата на загинатите војници,а воени бродови од земјите учеснички во битката,испукаа почесни истрели како почит за сите жртви.

На комеморацијата нема ниту еден преживеани борци од галиполската битка,но допатуваа голем број нивни потомци,од Велика Британија и Франција,како и од Австралија и Нов Зеланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...