Претседателски избори во Казахстан

Астана, 26 април 2015 (МИА) - Во Казахстан денеска се одржуваат предвремени претседателски избори, организирани по тешката економска криза во земјата. 

На изборите актуелниот шеф на државата Нурсултан Назарбаев, како што тврдат аналитичарите, си обезбедил уште една победа. Назарбаев е на власт од 1991 година и тогаш беше единствениот кандидат на изборите. Потоа е резибран во 1999., во 2005. и 2011 година, секој пат со резултат од над 80 отсто од гласовите. Меѓутоа меѓународните набљудувачи сметаат дека изборите не се слободни.

Опозицијата не кандидираше свој претставник за изборите, на кои има уште двајца кандидати покрај, Назарбаев, но тие се сметаат за негови приврзаници.

- Тоа не се избори, туку реизбор, изјави аналитичарот Досим Сатпајев и додаде дека единствена интересна работа е тоа што овие избори веројатно ќе бидат последните за 74-годишниот Назарбаев. 

Парламентот, чиј претседателот исто така е Назарбаев, ги распиша изборите поради кревкото стопанство на земјата.

Казахстан, сојузник на Русија во зоната за слободна трговија има влошена економска состојба поради руската економска криза по западните санкции кон таа земја и падот на цената на нафтата на светскиот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...