Седумнаесет загинати извадени од под лавината на Монт Еверест

Катманду, 26 април 2015 (МИА) - Седумнаесет тела се извадени од под лавината, која погоди дел од базниот камп на Монт Еверест по силниот земјотрес со интензите од 7,9 степени според Рихтеровата скала, кој вчера го погоди Непал. 

Шеесет и едно лице е рането од снежната маса, која затрупа дел од базниот камп, изјави Анг Шеринг Шерпа, претседател на Непалската алпинистичка асоцијација.

Според него поради невремето едвај денеска од Катманду долетал првиот хеликоптер за да ги земе ранетите од кампот. 

Меѓу загинатите е Дан Фрединберг, директор на истражувачкиот оддел на Гугл. Тој заедно со други тројца вработени во компанијата планирал да се искачи на Монт Еверест. Фрединберг се здобил со смртоносни повреди во главата, а неговите колеги не се повредени. 

Во камповите 1 и 2, над базниот камп престојуваат над 100 алпинисти и ниту еден од нив не е повреден, додаде Шерпа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...