Постои опасност Бахреин да ја повтори судбината на Јемен

Расположено на 33 острови во Персискиот Залив, кралството Бахреин изминатиот викендот собра илјадници странци кои сакаа да ја гледаат следната етапа од светскиот автомобилски шампионат на Формула 1. Бахреинските власти ова го претставија како доказ за стабилноста на островската држава. Но за каква стабилност всушност станува збор во една држава каде власта применува крвави методи во борбата со своите политички опоненти?

- Претпоставката дека Бахреин ја почитува слободата за изразување на јавното мислење е чиста измислица, посочува деновиве во објавениот извештај Амнести интернешенел. По задушувањето на шиитското востание во Бахреин во 2011 година „широко распространетите репресии и големите неправди од страна на силите за безбедност продолжуваат“, вели Саид Бумедуа, заменик-директор за Блискиот исток во организацијата на заштита на човековите права.

Политичката дејност на шиитското мнозинство кое е опозиционо против режимот, е главниот фактор за дестабилизација на ситуацијата во островското кралство со население малку над еден милион луѓе. Повеќе од 700 илјади од жителите се муслимани шиити, а едвај 300 илјади се муслимани сунити. Држаниот раководител, кралот Шеик Хамад бен Иса Ал Халифа, наоѓа потпора во сунитското малцинство: всушност, сите полицајци, агенти во тајните служби и војници се негови истоверници.

Дамнешните противречности меѓу сунитите и шиитите беа причина Бахреин со полна сила да го почувствува влијанието на Арапската пролет. Во 2011 година, во земјата започнаа шиитски бранувања, но беа жестоко разбиени со заеднички усилби на монархиите од Персискиот залив. Тогаш западот ги затвори очите и за пролиената крв и за тоа што народните протести беше задушени со помош на војски од земјите членки на Советот за соработка од заливот (ССЗ), наречени Штит на полуостровот. Но никој не го смета за трајно кревкото мирување во Бахреин по задушувањето на востанието.

Во последниве години, властите во кралството не направија ништо за да ја изедначат поделеноста во општеството. Токму така се потиснуваат политичките, економските и религиозните права на шиитите. Минатата година, на пример, десет шиитски џамии во Бахреин едноставно беа разрушени, срамнети со земја со булдожери. Постои ризик Бахреин да ја повтори судбината на Јемен, каде непријателствата помеѓу сунитите и шиитите прераснаа прво во граѓанска војна,а потоа во регионален вооружен конфликт. Амнести интернешенел неслучајно ја повика меѓународната заедница, а најмногу владите на САД и на земјите од ЕУ, да извршат притисок вз Бахреин за да се смири зовриената ситуација. Бахреинското раководство нема како да ги сопре индивидуалните гонења на шиитите.
Во редица сфери, бахреинската монархија се надева на поддршката од Саудиска Арабија. Бахреин фактички е претворен во терен за борби помеѓу сунитите и шиитите, во чии акции – исто како и во Јемен, Ријад гледа закана од проширување на влијанието на Техеран. Главнатаподдршка за кралското семејство во Бахреин останува воениот сојуз со Соединетите држави. Во март 2002 година, официјално беше утврден статусот на Бахреин како главен сојузник на САД надвор од Нато; на локален остров е поставен штабот на Петтата американска флота и Обединетата централна команда на вооружените сили на САД. Вашингтон планира да ја прошири базата на Петтата флота и наменски расходи за тоа веќе се предвидени во воениот буџет на САД.

Во интервју за американскиот воен весник Старс енд страјпс, адмирал Џонатан Гријнјарт, командант на военопоморските операции на САД, изјави дека Бахреин е „најдобрата варијанта“ за поставување на американската флота во регионот на Персискиот залив. Според него, персоналот на базата ќе ја задржи „неутралната позиција“ при пораст на политичките бранувања во земјата. Но за каков неутралитет всушност станува збор, кога при смена на сунитската монархија од страна на шиитиското мнозинств неминовно ќе има ризик американците да ја загубат својата воена база во Бахреин?

Истовремено, принцот престолонаследник Салман бен Хамад Ал Халифа, првиот вицепремиер на Бахреин, потенцира дека редица арапски држави се сомневаат дали можат да се надеваат на западот бранејќи ги своите интереси. „Проблемот е што политиката во Америка дејствува во рамките на двегодишни изборни циклуси, а долгорочното планирање недостасува. Чувството е дека Америка страда од шизофренија во своите односи кон арапскиот свет“, рече наследникот на тронот.

Заради недоверба кон администрацијата на Обама, бахреинскиот режим бара поддршка во Конгресот на САД. Амбасадата на Бахреин во Вашингтон дејствува по вообичаената шема: во Америка петродоларите отвораат секакви врати. Бахреинските дипломати ја најдоа во САД лобистичката фирма Ди Ел Еј пејпр за да помага во борбата со тероризмот, според официјалната верзија, а всушност за да издејствува од Конгресот на САД подигнување на забраната за достава на оружје за Бахреин.

Во Конгресот сега циркулира писмо на претставници на бахреинските власти упатено до државниот секретар Џон Кери и министерот за одбрана Ештон Картер. Во врска со договорите за атосмката програма на Иран, во писмото се обвинува администрацијата на Обама дека ги предало интересите на своите арапски сојузници. Прв реагираше Џон Мекејн, претседател на комисијата за вооружени сили во Сенатот. „Иранското оружје со сигурност се доставува на шиитие во Бахреин. Треба да и дадеме оружје на Манама и треба да продолжиме да ги натераме да ги почитуваат човековите права“.

Претседателот на сенатската комисија за Блискиот исток, Џим Риш, исто се изјасни за подигнување на забраната за достава на средства за борба со граѓанското население за Бахреин.

Меѓу европските држави, чиј главен надворешнополитички партнер е Бахреин, се Велика Британија, која со кралството на крајот на 2014 година склучи договор во сферата на одбраната за да ги засили и рашири своите воени објекти во таа земја. Се предвидува изградба на главна оперативна база во пристаништето во Мина Салман, каде треба да се складира оружјето и да биде распореден британски персонал. Лондон има намера и понатаму да ја развива воената соработка, засилувајќи го своето воено присуство во Персискиот залив.

Од искуство инаку знаеме дека ниту една арапска земја се уште не успеала да ги среди внатрешните конфликти помеѓу шиитите и сунитите со помош на странско учество.

Фонд за стратешка култура - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...