АСЕАН и ЕУ ќе ги обноват преговорите за договорот за слободна трговија

Куала Лумпур, 26 април 2015 (МИА) - Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и Европската унија денеска се договорија да преземат мерки за обновување на преговорите за склучување на договор за слободна трговија меѓу двата региони.

Високи претставници на АСЕАН и на ЕУ ќе одржат консултации за обновување на преговорите до крајот на годината.

- ЕУ е цврсто решена да склучи договор за слободна трговија меѓу двата региони, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малстром.

Преговорите за склучување на договор за слободна трговија почнаа во 2007 година, но две години подоцна беа прекинати, поради учеството на Мјанмар во АСЕАН.

ЕУ веќе има склучено договори за слободна трговија со четри земји-членки на АСЕАН - Малезија, Тајланд, Виетнам и Сингапур. 

На денешниот самит во Малезија предвидено е да се разговара и за формирање на Економската заедница на АСЕАН.

АСЕАН  ја сочинуваат Малезија, Индонезија, Брунеи, Сингапур, Тајланд, Лаос, Мјанмар, Камбоџа, Виетнам и Филипините, а  од почетокот на идната година ќе треба да функционира на принципи што се речиси идентични на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...