Нурсултан Назарбаев со 97,7 отсто од гласовите реизбран за претседател на Казахстан

Астана, 27 април 2015 (МИА) - Долгогодишниот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев, лидер на владината партија „Нур Отан“, извојува уште една убедлива победа на предвремените претседателски избори, освојувајќи 97,7 проценти од гласовите, покажуваат првичните резултати на Централната изборна комисија, пренесе ТАСС.

Официјалните резултати од вчерашното гласање ќе бидат познати по обработката на сите изборни извештаи. Според казахстанското законодавство, тоа треба да се случи најдоцна до 3 мај.

Кандидатот на Комунистичката народна партија Тургун Сиздиков освои 1,6 проценти, а третиот претендент, независниот кандидати претседател на Федерацијата на синдикатите, Абелгази Кусаинов, освои 0,7 проценти.

За 74-годишниот Назарбаев, кој со Казахстан раководи над 25 години, толку високото ниво на изборна поддршка и не е некое изнанедување, забележува руската агенција. На првите општи избори во 1991 година тој освои 98,7 проценти од гласовите, во 2005 - 91,15 проценти, а во 2011 година над 95 проценти. 

Според првичните податоци на ЦИК, избирачката излезеност изнесувала 95,22 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...