Обама ја менува политиката кон американските заложници - семејствата не смеат да преговараат за откуп

Вашингтон, 27 април 2015 (МИА) - Владата на американскиот претседател Барак Обама размислува за промена на политиката на земјата - сака да воведе забрана за семејствата на американските заложници во странство за плаќање откупи за нивните киднапирани роднини, пренесоа светските агенции повикувајќи се на телевизија Еј Би Си.

Овој предлог се соддржи во експертскиот извештај со препораки до Белата куќа.

Тројца високо позиционирани претставници на американската администрација за агенциите потврдиле дека таа е на пат да ја преразгледа својата политика за ова прашање. Тие, меѓутоа, не посочуваат кога може да се донесе соодветната одлука.

Претставник на Белата куќа одби да даде коментар на темата.

Владата на САД почна да ја преразгледува политиката што се однесува на плаќањата откупи на грабнатите Американци во странство откако џихадистичката група Исламска држава минатата година во Сирија го обезглави Џејмс Фоули. Семејството на американскиот новинар тврди дека Белата куќа им се заканила со судење доколку  се обиде да плати откуп за својот роднина. 

Американски командоси минатата година имаа неуспешен обид да го ослободат Фоули и другите заложници на Исламска држава. Потоа Американецот беше убиен од џихадистите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...