Насилни протести во Балтимор по смртта на млад црнец во притвор

Вашингтон, 27 април 2015 (МИА) - Балтимор за време на викендот беше арена на насилни протести откако во притвор почина млад црнец, пренесе ДПА.

Фреди Греј (25) бил приведен на 12 април. На 19 април тој почина во болница откако западнал во кома. Аутопсијата покажала дека смртта настапила како последица на повреда на мозокот.

Овој град во американската сојузна држава мерилнед во саботата беше арена на мирни протести, кои во текот на вечерта и во неделата утрото преминаа во судири меѓу мали групи демонстранти и полицијата. Вандалите притоа искршија прозорци и предизвикаа штети врз полициски автомобили.

Во судирите се уапсени 34 лица, а шестмина полицајци се повредени.

Градоначалникот на Балтимор, Стефани Ролингс-Блејк, ги повика луѓето да го почитуваат редот и мирот.

Ова е најновиот случај во последните неколку месеци на смртта на еден афроамериканец од рацете на американската полиција. Неколку убиства на црнци од страна на полицајците предизвикаа бран од протести низ земјата.

Според балтиморската полиција, Греј бил приведен откако почнал да бега кога забележал полицајци. Потоа тој бил ставен во притвор под обвинение за поседување оружје. На видео снимка се гледа дека момчето не може да се стои на нозете додека го качуваат во полицискиот автомобил.

Министерството за правда на САД почнало истрага на околностите кои довеле до смртта на Греј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...