ФБИ со измислени докази праќале луѓе во смрт

Федералното истражно биро ФБИ 20 години праќал осомничени на доживотен затвор или на електрична столица врз основа на фабрикувани докази, свесно преувеличувајќи го значењето и веродостојноста на микроскопските анализи на властите најдени на местото на злосторот.

Вашингтон пост дозна дека речиси сите форензичари од владиното тело лажно сведочеле на речиси секое судење за тешки кривични дела, како силувања и убиства. Елитната агенција за истражување на злосторства и Министерството за правда признале дека пишувањето на весникот е точно.

Весникот се повикува на извештај кои го составила самата влада врз основ на ревизија на неколку стотици случаи од 1980 до 2000 година. ФБИ измислувал докази во корист на обвинителството, вклучувајќи 32 судења кои завршиле со изрекување на смртни пресуди. Меѓу нив се и 14 затвореници над кои веќе е извршена егзекуција или умреле во затворските келии. Тоа не значи дека тие и навистина биле невини, но нивната судбина веројатно ја запечатиле вработените во зградата Џеј Едгар Хувер во Вашингтон.

Дури 26 од 28 вештаци се повикале на измислени докази. Извештајот покажал дека тие ја преувеличувале веродостојноста на своите сознанија, кои се покажале неточни во 96 отсто случаи (во 257 од 268 судења). Владата повторно ги прегледала доказите по бројните поплаки на казнениците и невладините организации како и пишувањата на медиумите. Токму Вашингтон пост пред три години го сврте вниманието на проблемот кога објави приказна за тројца невини осуденици и стотици други слични случаи. ФБИ и министерството соопштија дека ги земаат предвид сите обвинети кои се погодени и дека повеќе нема да прават такви грешки.

Државата веќе ослободила четворица уапсени за кои се открило дека се пратени во затвор само врз основ на лабораториски анализи на ФБИ. Еден од нив е Кливленд Рајт, кој е пуштен дома минатата година, по 28 години поминати во келија за убиство кое не го направил. Се посветил на борба за права на сопатниците и чека отштета за грешката од државата поради која половина живот го поминал во затвор за туѓ злостор. По Рајт било кобно што судот како релевантен доказ земал анализа на коса најдена покрај телото на жртвата.

Експертите кои зборувале за Пост рекле дека оваа пракса била целосна катастрофа, бидејќи со микроскопско испитување не може да се потврди дали косата припаѓа на извесно лице или е само многу слична на коса на некој друг. ФБИ по 2000 година го осовремени пристапот вклучувајќи ДНК анализа, но призна дека се до 2012 година неговите лабораториски наоди не биле сосема научно потврдени.

Ова ќе биде аргумент плус во рацете на американските организации кои се залагаат за укинување на судски егзекуции. Извршената смртна казна не може да се поправи кога ќе се открие дека човекот е невин, што често се случува. Новото признавање на грешките и лажирањето на доказите веројатно ќе доведе до повеќе стотици жалби на осудени за најтешки кривични дела. Владата ги обавести обвинителствата во 46 држави во градот Вашингтон да ги преиспитаат доказите и да одлучат дали ќе ги повторат процесите. Не се очекува дека тоа ќе се случи во сите случаи, бидејќи сведочењата на федералните вештаци понекогаш биле само спореден доказ.

Политика - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...