Техеран: Иран нема да дозволи опсада на Јемен

Техеран, 5 мај 2015 (МИА) - Иран нема да дозволи коалицијата предводена од Саудиска Арабија да го опколи Јемен, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи за арапски и африкански прашања Хосеин Амир Абдолахиан. 

- Ние ќе продолжиме да доставуваме хуманитарна помош на Јемен и никогаш нема да дозволиме опсада на земјата, изјави Амир Абдолахиан, додавајќи дека безбедноста на регионот и Иран е преплетена со безбедноста на Јемен.

Амир Абдолахиан ги обвини саудиските разузнавачки агенции за поврзаност со тероризам во Јемен, нагласувајќи дека саудиските напади на Јемен и врските со терористите ја загрозуваат безбедноста на останатите земји во регионот. 

Јемен од март е арена на жестоки борби меѓу шиитската група Хути и племенски милиции лојални на претседателот Абд Рабу Мансоур Хади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...