Во последните денови од животот подготвувал напади во САД и Европа

Вашингтон, 21 мај 2015 (МИА) - Поранешниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен подготвувал терористички напади во САД и Европа до последниот момент, пред да биде убиен од американските командоси во операција во пакистанскиот град Аботабад на 2 мај 2011 година, јави ТАСС. 

За тоа сведочат лични документи на „меѓународниот терористи број еден“ конфискувани за време на неговото ликвидирање и објавени вчера од директорот на националното разузнавање на САД по наредба на претседателот Барак Обама. 

Во писмата до своите приврзаници лидерот на Ал Каеда постојано повикувал „на фоксуирање на напорите на убиства на Американци“ и потенцирал дека не гледа друг начин за промена на надворешната политика на САД.

Истовремено тој планирал и лично го контролирал организирањето на терористички операции во Европа. На пример во една од пораките заедно со општите инструкции за спроведување на „операција во странство“ тој пишувал за подготовка на напад врз евреи во Данска.

- Ние испративме таму група од три лица, чија цел требаше да станат Американци, но врската беше загубена, му напишал Бин Ладен на свој соработник.

Тој исто така им се обраќал на муслиманите во целиот свет со повици да водат „света војна против неверниците“, на прво место против Американците.

Во „Писмо до американскиот народ“ тој директно говорел за „војна против САД“. За таа цел Бин Ладен дури им предлагал на своите сојузници, кои дејствуваат на Арапскиот Полуостров, да постигнат примирје со Владата во Јемен за да имаат можност да се „концентрираат на Америка“.

Тој се потсмевал на „војната против тероризмот“, прогласена во 2001 година од тогашниот американски претседател Џорџ Буш и изразувал зачуденост зошто американските воени сили бараат оружје за масовно уништување во Ирак, „кога таму нема такво оружје“. 

Во други пораки кон „сунитите во Сирија“, „муслиманските браќа во Ирак“ и „муџахедините во Сомалија“ тој ги изнесувал плановите за создавање на исламски калифат на големи територии на Блискиот Исток и во Јужна Азија, како што сега се обидува да создаде групацијата Исламска држава.

Листата од документи, пронајдени во домот на Бин Ладен и објавени во САД, вклучуваат стотици писма до членови на неговото семејство и негови соработници, како и оценки за антивладините демонстрации во Египет, војните во Авганистан и Ирак и други тогашни случувања.

- Во интерес на американската јавност е граѓаните, историчарите, научниците и новинарите да имаат можност да ги прочитаат и разберат документите на Бин Ладен, изјави Девин Нинес, претседател на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...