ЕУ стравува дека ИД ќе го уништи културното наследство во Палмира

Брисел, 21 мај 2015 (МИА) - Шефот на европската дипломатија Федерика Могерини предупреди денеска на можноста од воени злосторства во Палмира и уништување на културните споменици, откако тој древен град го зазедоа борци на Исламска држава.

Илјадници луѓе се изложени на ризик од насилство, додека на културните споменици им се заканува уништување, предупреди Могерини во соопштение, наведувајќи дека „Палмира е симбол на сириското културно наследство и крстосница на цивилизациите низ историјата“.

Според извештаите, стотици луѓе загинаа кога џихадисти денеска ја окупираа Палмира, која е под заштита на УНЕСКО, како светско културно наследство.

Масовните убиства и намерното уништување на археолошкото и културното наследство во Сирија и Ирак, кое го спроведува ИД, претставуваат воено злосторство кон Римскиот статут и Меѓународниот кривичен суд, потсети Могерини.

Падот на древниот град доаѓа во текот на кампањата, која ИД ја нарекува „културно чистење“, па исламистите уништуваат реликвии ширум древната Месопотамија.

Могерини, во текот на актуелната турнеја на Блискиот исток, наведе дека ЕУ презела соодветни чекори за спречување на трговијата со културни добра, додавајќи дека трговијата директно придонесува за финансирање на ИД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...