ИД го презеде последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак

Бејрут, 22 мај 2015 (МИА) - Џихадистичката организација Исламска држава (ИД) го презеде последниот граничен премин на Сирија со Ирак по повлекувањето оттаму на силите на сирискиот режим, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Преминот Ал Танф, како што е наречен во Сирија или Ал Валид во Ирак, се наоѓа во сириската провинција Хомс, каде во средата ИД го презеде античкиот град Палмира од владините сили. 

Припадник на ИД потврди дека гтупата ја презела контролата врз преминот, кој се наоѓа на 240 километри од Палмира, јави БТА.

Ирачки претставници изјавија дека ираачките сили исто така се повлекле од нивната страна на преминот. 

Засега не е познато кога точно ИД воспоставила контрола врз преминот.

ИД исто така го контролира граничниот премин меѓу сириската провинција Деир ал Зур и ирачката провинција Анбар, а друг премин на границата меѓу двете земји во североисточна Сирија е под контрола на курдската милиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...