ФБИ во Калифорнија уапси двајца осомничени џихадисти

Лос Анџелес, 22 мај 2015 (МИА) - ФБИ во јужна Калифорнија уапсила двајца мажи, кои се осомничени за обид да заминат во странство за да и се приклучат на групата Исламска држава, информира американската телевизија „Ен-Би-Си Њуз“.

Како што наведуваат британските медиуми, едниот бил приведен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, а другиот во Оринџ Каунти.

„Ен-Би-Си Њуз“ цитира неименувани претставници на безбедносните органи, според кои, двајцата приведени не биле вооружени и не претставувале закана за јавната безбедност.

Портпаролката на ФБИ го потврди апсењето на двајцата во истрагата на специјалните сили за борба со тероризмот, но одби да даде детали се додека против приведените не се покрене обвинение.

Двајцата приведени денеска ќе бидат изведени пред Федералниот суд во Санта Ана.

Во последните неколку месеци се уапсени неколку лица под сомнение дека планираат да заминат за Сирија и да се борат во редовете на ИД, вклучувајќи и шестмина Американци од сомалиско потекло, кои во април беа приведнеи во Минесота.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...