Најмалку 30 убиени при напад врз шиитска џамија во Саудиска Арабија

Ријад, 22 мај 2015 (МИА) - Најмалку 30 лица загинаа денеска кога бомбаш-самоубиец се саморазнел во една шиитска џамија во местото Ал Кадех во источниот дел на Саудиска Арабија, соопштија властите во Ријад.

Сведоци на настанот за локалните медиуми изјавила дека виделе „триесетина мртви тела“ како лежат на подот од тешко оштетената „Имам Али“ џамија во Ал Кадех.

Нападот бил изведен во време на редовната петочна молитва, кога во џамијата имало повеќе од 150 верници.

Досега никој не презеде одговорноста за овој напад.

Во Саудиска Арабија живее бројно малцинство на шиити услимани.Тие се главно населени во источниот дел на земјата и повремено протестираат, барајќи повеќе права за својата верска заедница.

Ова е прв ваков напад врз шиитска џамија во Саудиска Арабија.

Терористичкиот напад доаѓа по воздушните напади што саудиската авијација ги извршува врз позициите на шитските бунтовници во соседен Јемен.

Властите во Ријад се изложени и на закани од џихадистите од Исламска држава кои се напаѓани од меѓународната коалиција во која има и сунитски држави, меѓу кои е и Саудиска Арабија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...