Братот на севернокорејскиот лидер забележан на концертот на Ерик Клептон во Лондон

Лондон, 22 мај 2015 (МИА) -  Братот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, е забележан меѓу посетителите на концертот на британскиот музичар Ерик Клептон, одржан во Ројал Алберт Хол, пишуваат лондонските весници, повикувајќи се на јапонски и јужнокорејски медиумски извори.
 
Една јапонска телевизиска екипа, успела да го „улови“ Ким Јонг-чул, постар брат на лидерот, во моментот додека влегувал во концертната сала, како и деталот кога бил заштитен од бројни телохранители, кога насобраните новинари се обиделе да добијат изјава од него.
 
Истиот човек бил и на вториот концерт на Клептон, но нема никаква официјална потврда дека станува збор за Ким-чул.
 
Британскиот аналитичар за Северна Кореја, Ајдан Фостер Картер изјави дека се согласува со тврдењето дека „посетителот“  е братот на севернокорејскиот лидер, затоа што човекот „уловен“ од јапонската тв екипа сосема личи на оној, чија фотографија ја има видено  и на која се гледа братот на Ким Јонг-ун.
 
- Доколку не е тој, тогаш зашто беа потребни сите оние бројни телохранители околу него, вели Фостер Картер.
 
Тој посочи дека Ким Јонг-чул нема никаква државничка функција, ниту е дел од тамошната власт, па за него не важат меѓународните санкции за патување во странство, како за високите севернокорејски функционери.
 
Потврда за престојот на братот во Лондон, дава и секогаш добро информираната јужнокорејска новинска агенција Јонхап. Агенцијата тврди дека тој престојувал во лондонскиот хотел „Челси Харбор“ каде една ноќ чини 3.300 долари, како и дека имал авионска карта за денешниот лет Лондон- осква.
 
Според официјалните севернокорејски податоци, Ким Јонг-чул има 33 години и е најстарото дете од четвртата сопруга на поранешниот лидер Ким Јонг-ил. Образуван е во Швајцарија, како и неговиот помлад брат, актуелниот лидер на Северна Кореја, но нивниот татко го одредил за наследник, својот помлад син, како поенергичен човек.
 
Истиот извор тврди дека  Ким Јонг-чул  е „сосема задоволен“ од својата позиција, дека е близок со братот и дека работи во одделението за пропаганда на Северна Кореја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...