
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Вечер на Тоше на Беовизија
Годинашново издание на фестивалот "Беовизија", Србија ова година ќе биде во знакот на трагично загинатата македонска sвезда Тоше Проески. Според српскиот весник "Прес" во ревијалниот дел од овој фестивал, од кој се избира српскиот претставник на изборот за песна на Евровизија, ќе има мини-концерт на кој повеќе српски и странски пејачи ќе ги изведат најголемите хитови на прерано починатиот пејач.
-Организаторите на "Беовизија" неодамна одлучија на првата вечер од фестивалот во ревијалниот дел 10 пејачи да ги отпеат најголемите хитови на Тоше. Засега не е познато кои пејачи ќе настапат, но се споменуваат еминентни имиња од домашната и странската естрада со кои Проески соработувал, изјавил соговорник на Прес.
Весникот наведува дека најверојатно се работи за ѕвезди како што се Жељко Јоксимовиќ, Есма Реџепова, Леонтина Вукмановиќ, Ања Рупел, Антонија Шола и други.
И менаџерот за односи со јавност на Беовизија, Душка Вучиниќ ја потврди ова вест:
-Точно е. Тоше Проески беше првиот победник на фестивалот Беовизија 2003 година. Од почит и во знак на сеќавање на овој извонреден уметник креативниот тим на фестивалот за првата вечер осмисли неколку еминентни уметници да отпеат десетина хитови на Тоше. Овие денови ќе одлучиме кои пејачи ќе бидат, вели во изјавата за прес Вучиниќ.
Беовизија ова година ќе се одржи на 19 И 20 февруари во Сава центар.
Тоше Проески се уште е главна тема во Србија. Весникот Правда ја рекламира книгата во нејзино издание со наслов "Балкански ангел - во спомен на Тоше". Книгата се промовира со слоганите "Се што не сте знаеле за животот и смртта на Тоше Проески", "Сеќавање на најголемата музичка ѕвезда од екс југословенските простори и исповеди на неговите најблиски".
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|