
|
 |
Забава / Showbiz
На диета до Белград
Проби, диети, средување во салони, вежбање и заеднички ручеци за договори пред големиот настан. Вака на кусо може да опишат подготовките на нашите евровизиски прставници Тамара, Врчак и Адриан, еден месец пред настапот на "Евросонг" во Белград. Во друшво на симпатичното трио и нивниот тим поминавме два дена. Ги следевме секаде каде што одат, а тие, иако изморени од набиениот распоред, беа расположени за сликање и за муабет.
Магичните гаќички на Адриан
Приказната започна во вторникот, во КУД "Танец", каде што триото ја вежба кореографијата за англиската верзија на песната "Во име на љубовта" (Лет ме лове sоу). Тамара и Врчак во белградската "Арена" ќе глумат љубовна приказна. На сцената ќе има импровизирана врата, а Тамара излегува прва. Ќе ги придружуваат двајца танчери од Белград, Зиле и Тома, и придружниот вокал Наде, студентка на Музичка академија.
- Идејата беше да се опише текстот на песната кој на крајот вели: Бакни ме и пушти ме умрам, пред да ми кажеш збогум. Улогата на Адриан е повеќе танчерска. Тамара танцува помалку, затоа што ќе и треба концентрација за изведбата. Тешко е да најдеш артисти кои се во исто време добри пејачи и танчери. Адриан е еден од најдобрите танчери што сум ги видел", вели германецот Клод Де Соза, кореографот на песната. Ова беше последната проба на Клод со нашите преставници. Ни рече дека се подготвени за Белград, и од сега, можат да вежбаат и без него. Де Соза се шегува дека Тамара е негов тип на жена, и по "Евросонг" ќе ја носи во Дуисбург, ќе се ожени со неа и ќе ја направи среќна госпоѓа Де Соза.
На пробата, Адриан ни откри дека има магични гаќички. "Овие магични гаќички ми се среќа. Ги носам само за танцување. Удобни ми се и во нив најдобро ми оди. Ќе ги носам и во Белград", вели Гаџа. Нашите евровизиски преставници во "Танец" поминуваат по неколку часа на ден. Поради пробите, стануваат порано од она што се навикнати, околу 10 часот наутро. По првата предпладневна проба ручаат заедно, па одмараат, одат во салони за разубавување и фитнес центри и навечер пак пробаат.
Слободен ден со ракија за Тамара
Од "Танец" заминавме во ресторанот "Дал мет фу", секојдневно собиралиште на триото и нивниот менаџер Емин Гаџа. Врчак строго внимава на линијата, па си нарача риба, салата и диетална "кока кола". Адриан ручаше само свежа салата. За Тамара вторникот беше "слободен ден". По диетите од кои последнава година ослабе 18 килограми, реши да наздрави со ракија за добар пласман на "Евровизија". Со ракијата, оди шопска салата, па крем салати за мезе и бифтек со вариво за ручек. За десерт сите нарачаа чоколадна торта за енергија.
На ручекот муабетевме за пласманот во Белград. Сите признаваат дека помислиле: што ако не влеземе во финале? Сепак, се надеваат дека доброто лобирање ќе им помогне. "Песната се слуша во сите балкански земји. За сега очекуваме поени од соседите, но ќе видиме, ништо однапред. Евровизијата е скап производ, а малку спонозори застанаа зад нас", вели Емин Гаџа.
Вечерта за целиот тим беше слободна. Врчак и Гаџа заминаа да ги прошетаат гостите од Белград и германскиот кореограф низ Скопје, а Тамара на роденденска журка кај другарка.
Врчак- најнегуван маж
Утредента, Тамара беше на комплетно "тинтрање" во салонот за убавина "Силуете". Шест девојки од салонот и ја средуваа косата, ноктите, работеа на неколку видови на третмани за слабеење и обликување на телото. Врчак уживаше во масажите и во турската бања во студиото "Сикрет". Вечерта, Адриан и Врчак со тренерот Мирко, вежбаа во фитнес центарот на хотелот "Александар Палас", па џогираа на кејот на Вардар. Тамара замина на "пауер плеј" вежби.
Мелина Тодоровиќ од салонот на Тамара е многу задоволна од нејзиниот напредок. Поп-пејачката константно слабее повеќе од цела година и успејала да намали 15 килограми. Последниве два месеци, откако победи на домашниот "Евросонг", ослабела уште три.
- Тамара се води по мојата книга "Како до совршена силуета". За неа направив балансирана диета, со еден слободен ден во неделата. Тамара е дисциплинирана, но знае и да прекрши правило. Кога ќе касне малку повеќе, самата знае да ми прати порака за да "пријави", ни раскажа Тодоровиќ.
За вработените во студиото на Врчак, тој е еден од најнегуваните мажи на нашата естрада. Сопственичката Бети вели дека таму се депилира, се релаксира со масажите и турската бања и прави третмани за обликување на телото. Тој е еден од нивните најредовни клиенти.
За крајот од дружењето со евровизиското трио, ги следевме Адриан и Врчак како вежбаат во фитнес центар. Тренерот Мирко работи со нив од почетокот на кариерата, и вели дека во Белград ќе бидат во топ форма. По вежбите, следуваше џогирање по кејот и кондициони вежби во природа. Роберт Билбилов веќе ги чекаше во неговото студио за консултација, па заминаа кај Дејан Миличевиќ да видат како оди монтажата на евровизискиот спот.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|