
|
 |
Забава / Showbiz
Том Круз во „Невозможна мисија 4“
Познатиот холивудски актер Том Круз можеби ќе се појави во четвртиот дел од светскиот блокбастер „Невозможна мисија 4“, иако во 2006 година доби отказ од Самнер Редстоун, еден од најмоќните луѓе во филмската индустрија.
Редстоун, сопственикот на компанијата „Viacom“ и студиото „Paramоunt“ пред две години ги прекина професионалните односи со Круз, откако Том во шоуто на Опра Винфри направи скандал скокајќи по софата во студиото.
- Тоа што ги прекинав професионалните односи со него не значи дека не го сметам за добар човек и голем пријател, изјави тогаш 84-годишниот Редстоун.
По продолжението на филмот од 2000 година, што го режираше Џон Ву, Круз се уште се спомнува како една од главните опции за продолжување на акциониот серијал.
- Можноста студиото „Paramоunt“ да го изнајми познатиот актер е отворена, рече Редстоун, кој неодамна беше виден на ручек со Круз.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|