Забава / Showbiz
Ештон Качер ќе стане порно ѕвезда?!

Актерката Деми Мур треба да биде на штрек особено што нејзиниот сопруг Ештон Качер размислува да направи кариера во проно индустријата. Инспирација за ваквата идеја е вон земската порно-убавица Џена Џемсон. Качер, кој ја има водечката улога во филот „Spread“ вели дека секс-комедијата е толку „мрсна“ што би можело да се каже дека спаѓа во категоријата „adult“. „Направив еден вид на порно – псевдо-порно-комедија. Па може и ќе снимам порно филм. И успеа и на Џена Џемсон. Минатата недела бев во Лондон и таму знаеја кој е Рон Џереми. Тој е исто така позната порно ѕвезда и во Лондон. Не знаев дека порно ѕвездите се познати во други земји. Мислев дека Лондон има свои порно ѕвезди. Очигледно дека нема. Мислам дека на пазарот, ние како земја имаме добра позиција на пазарот, размислувам да ја продлабочам мојата авантура во таа насока“, изјавил Качер за музичката телевизија МТВ. (Д.Т)
|