Забава / Showbiz
Лив Тајлер се разведува
Актерката Лив Тајлер потврди дека се разведува од британскиот рокер Ројстон Ленгдон.
„Одлучија секој да тргне по својот пат. Тие и понатаму ќе останат добри пријатели и посветени родители на нивниот син Мило. Двојката бара во наредниот период да се почитува нивната приватност“, изјави портпаролот на ѕвездата на „Кралот на прстените“, притоа не наведувајќи ја причината за разводот.
Пред неколку недели Тајлер бил регистрирана како бара куќа во њујоршкиот четврт Вест Вилиџ, а со тоа уште повеќе ги разгоре шпекулациите дека таа го напушта фамилијарниот дом.
Гласините кулминираа кога на гала вечерата во Metropolitan Museum of Art's Costume Institute во Њујорк триесетгодишната Лив Тајлер се појави сама, а фотографите забележаа дека таа не го носи венчалниот прстен.
Медиумите објавија дека актерката наводно им соопштила на своите пријатели дека таа и Ленгдон премлади се земале.
Тајлер и триесет и шестгодишниот Ленгдон во 2003 година се венчаа на Карибите, една година подоцна, во декември 2004-та се роди нивниот син Мило. Лив Тајлер е вонбрачно дете на рок легендата Стивен Тајлер од Aerosmith.
(Д.Т)
|