Забава / Showbiz
Ме запроси на врвот на светот
 Иако Хајди Клум одамна има изјавено дека средбата со сегашниот и сопруг Сил била љубов на прв поглед, сега открива дека пејачот ја запросил буквално на врвот на светот. „Сил ме зеде со хеликоптер“, раскажува 34-годишната водителката на емисијата за нејзиниот одмор во декември 2004 година. Веќе имаше изградено игло, а вантре имаше ставено се, наместен кревет, латиците од рози беа расфрлани насекаде, свеќите го осветлуваа просторот. Многу, многу романтично. Имаше храна и шампањ. Хеликоптерот замина, а јас бев малку исплашена, бидејќи си отсечен од цел свет. Таму нема дрва, ништо – се е хард кор. Но се беше супер“, вели поранешната супермоделка Хајди Клум. Во моментов, двојката има два сина, двегодишниот Хенри и 17-месечното бебе Џоан. Клум има и четиригодишна ќерка од претходниот брак со Флавио Бриаторе. (Д.Т)
|