Забава / Showbiz
Анистон затрескана до уши
Џенифер Анитсон е лудо вљубена во пејачот Џон Мајер, што не може ни минута без него.
Минатата недела, еден ден по забавата крај базенот, поранешната госпоѓа Бред Пит се најде 1.000 милји оддалечена од својот љубен, откако тој се врати во Њујорк, а таа се врати на снимањето на новиот филм „Marley & Me“. Извори од сетот велат дека 39-годишната актерка постојано мисли на нејзиното момче.
„Секој слободна минута на сетот, таа ја користи за да се слушне со Џон. Помеѓу сцените, таа е на телефон и разговара со него. Не мислев дека е можно некој толку многу да виси на телефон“, вели изворот.
Што и да му кажала Џенифер на Џон за време на телефонскиот разговор, веројатно дека била причина поради која 30-годишниот пејач го фатил првиот авион и долета во Мајами. Мајер минатиот викенд ги минал на Dolphin стадионот, каде Анистон снимале сцени од филмот.
„Се љубеа и пипкаа на стадионот“, велат инсајдерските избори.
Пријателите на актерката велат дека таа се затрескала во нејзиното ново момче, и покрај разликата во годините и неговата репутација на женкар. Џон Мајер претходно се забавуваше со Џесика Симпсон, Џенифер Лов Хјуит и Камерон Дијаз.
„Обично таа е многу претпазлива кога станува збор за врски. Но со Џон реши да се води од емоциите и моментот“, вели пријател на Анистон.
Д.Т
|