Забава / Showbiz
Освојувањето на светските арени почнува од Велс

Кралицата на поп музиката Мадона ја започнува својата „Sticky & Sweet“ светска турнеја на 23 август од Велс, местото од каде ќе се упати кон освојување на светски познатите арени. Само неколку дена откако нејзиниот најнов албум „Hard Candy“ ги собори топ листите во 27 земји, вклучувајќи ги САД, Британија, Франција, Јапонија и Асвтралија, суперѕвездата ги најави датумите за нејзината напорна турнеа, која започнува на крајот на летото. По стартот во Милениум стадионот во Дардив, Велс, нејзиното височество ќе настапи во Вембли стадионот во Лондон, Доџер Стадионот во Лос Анџелес, Медисон Сквер во Њујорк, Олимпик стадионот во Берлин, а концерт ќе одржи и во италијанската престолнина Рим. „Sticky & Sweet“ турнејата исто така ја опфаќа и Јужна Америка, но засега не се утврдени точните датуми. И покрај бомбастичните најави контроверзната музичка дива сепак нема да одржи концерт на црногорското приморје, поточно во Будва. Целата турнеа ќе биде режирана од долгогодишниот креативен соработник и кореограф на Мадона, Џеми Кинг. (Д.Т)
|