понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Забава / Showbiz

Најдобри ТВ доктори

Доколку животот ви се одвива во телевизиска серија и имате здравствени проблеми, кој доктор од сериите би го избрале да ве лекува. Ова е нашиот избор за најдобри ТВ доктори:

1. Грегори Хаус – Хју Лори
"House M.D."

Можеби неговиот однос кон пациентите е малку незгоден („Што повеќе преферирате – доктор кој ве држи за рака додека умирате или таков кој ве игнорира додека оздравувате?“), но доколку страдате од некоја тешка засега непозната болест, тогаш тој е вистинскиот доктор за вас – освен ако не ве убие.

2. Дерик Шепард – Патрик Демпси
Grey's Anatomy (2005-)

Неврологот Дерик Шепард, кој и самиот ја следи традицијата на болницата, љубење во лифтови, сигурно ќе не излечи од било која болест. Докторот со совршена фризура, кој има непостојана врска со емотивно уништената Меридит Греј веројатно го има лекот  со кој ќе ја излечи фобијата од врски на Меридит.

3.Џенифер Мелфи – Лорејн Брако
The Sopranos (1999-2007)

Лекарката Џенифер Мелфи успеа да извлече повеќе информации од Тони Сопрано отколку бубите за преслушување на ФБИ.. Таа е една од ретките жени која има привилегија да ги знае тајните на мафијата, а без притоа инфламациите да ги добива спиејќи со некој од големите „риби“ или пациенти.

4.Џек Шепард – Метју Фокс
Lost (2004-)

Има ли доктор во авионот? Фала Боже што имаше во Oceanic Flight 815. Преживеаните дефинитивно би биле изгубени без др. Де Факто Лидер.

5.Михаела „Мајк“ Квин. – Џејн Сејмур
Dr. Quinn, Medicine Woman (1993-1998)

Ако се сеќавате на серијава, одвај чекавме да се заковаме за фотелјата за да ја гледаме др. Мајк како се обидува да ја стекне довербата и почитта на своите скептични сограѓани во Колародо Спринг. Со успешна медицинска пракса, згоден маж, и прекрасни деца, оваа посветена лекарка покажа дека жените доктори можат да имаат се – само доколку им се даде простор и можност.

6.Даг Рос – Џорџ Клуни
E.R. (1994-)

Никој повеќе не ужива да игра доктор од Џорџ Клуни – двапати вака се има појавено на малите екрани. За првпат се појави во улогата на смешниот доктор Марк „Ејс“ Колмар во комичната серија од 80-тите години Chicago emergency room, но улогата на лошото момче со големо срце Даг Рос во бесмртната серија E.R. го направи ѕвезда и секс симбол.

7. „Хокај“ Пирс - Ален Алда
M*A*S*H (1972-1983)

Единаесетте години во дивините на Јужна Кореја ќе беа уште повеќе неподносливи доколку не беа лакрдиите на мудриот хирург Хокај Пирс.

8.Фрејзер и Најлс Крејн - Кисли Грамар и Дејвид Хајд Пирс
Frasier (1993-2004)

Невротичните браќа психијатари Фрејзер и Најлс Крејн имаат повеќе проблеми од пациентите на кои се обидуваат да им помогнат. Татков комплекс? Да. Хаотичен развод? Дефинитивно. Невозвратена љубов? Дефинитивно. Психијатари кои самите се лечат себе си!

9. Миранда „Наци“ Бејли - Чандра Вилсон
Grey's Anatomy (2005-)

Сите ја сакаме силната Миранда Бејли која ги строи сите стажисти, но исто така ја сакаме кога  во одредени моменти знае да ја покаже и својата ранлива страна (на пример кога му дозволи на стажист Џорџ да помогне при раѓањето на нејзиниот син). Нејзината постојана борба да го одржи балансот меѓу работата и семејството е нешто со кое секоја жена може да се идентификува, што дефинитивно ни открива дека не е „Наци“

10. Џон „Џ.Д“ Дориан –Зак Браф
Scrubs (2001-)

Уште еден откачен стажист Џи-Ди може успеа да се искачи по скалите и да стане доктор, но тоа не значи дека ја има почитта на Џенитор или дека исчезнаа шашливите фантазии.

11. Леонард „Боун“ Меккој – Дефорест Кели
Star Trek (1966-1969)

Секако дека има предрасуди кон Вулканците, но тој ќе го лечи секој кој ќе се појави во амбулантата на U.S.S. Enterprise, без разлика на формата на нивните уши. Dr. McCoy.

Шон МекНамара и Кристиан Трој – Дилан Волш и Џулиан МекМахон
Nip/Tuck (2003-)

Вонбрачни деца, надградба на лице на сериски силувачи, сошивање на распарани стомаци. Има ли нешто што овие пластични хирурзи не можат да направат?

(Д.Т)




Наjновo од Забава
Најмасовна журка на Партијата на добра забава фото галерија
1963 Корвета - глисер
Хадсон и Вилсон раскинаа
Секс-снимка на Бритни и Аднан
Ријана станува актерка?!
Вистинска возбуда во центарот на Скопје – концерт на Sugababes!
Т-Home бесплатен концерт на Чолиќ
Џоди Фостер ја прекина 14-годишната хомосексуална врска
Колин Фарел анорексичен?!
Донација од 250 илјади долари
Убавите луѓе немаат добар секс
Видео клип
Волеј
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи