понеделник, 12.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Забава / Showbiz

Обожавателите на Тоше ги бојкотираа наградите „Порин“ во Хрватска

Членовите на фан-клубот на Тоше Проески пред самото доделување на наградите „Порин“ синоќа се собраа пред зградата на Хрватската радиотелевизија (ХРТ) уште еднаш да укажат на големата неправда, а според некои и срамота, кои организаторите му ја нанесоа на македонскиот пејач, јавија  хрватските медиуми.

 - Немаме никакви изјави, ова е се што сакаме да и го порачаме на јавноста, изјавија огорчените обожаватели, кои наидоа на голема поддршка на бројни соработници на „Порин“ кои сметаа дека македонискиот пејач неправедно е игнориран, и тоа за годината во која остварил најмногу успех и без конкуренција беше најизведуван музичар во Хрватска.

Организаторите на наградите „Порин“ во последен момент со кус спот одлучија да се присетат на Проески.

За Тоше на доделувањето прв поговори Жак Худек, посветувајќи му го освоениот „Порин“ токму на него, а Мирослав Рус, освојувајќи ја наградата за песна на годината („Игри без граници“) се заблагодари на неговаа менаџерка и бројни други соработници.

Тоше Проески освои еден „Порин“, и остана без бројни номинации поради тоа што, како што објаснија организаторите, немал хрватско државјанство. Притоа не им бил важен фактот дека албумот во целост е снимен и подуциран со хрватски сили, а како аргумент не послужи ни тоа што Едо Маајка, кој исто така нема хрватско државјанство, веќе освои неколку награди, забележуваат хрватските медиуми.

 - Некои работи мораме да ги промениме, изјави неодамна Хус Хасанефендиќ во име на организаторите на „Порин“, а дека е така, се покажа и на самото доделување.

Албумот на Тоше „Игри без граници“, инаку најпродавано дискографско издание во 2007 година, се најде во категорија со Нора Џоунс и Брус Спрингстин, а наградата отиде кај џез пејачката.


Сродни вести
Шестмесечен непребол за поп ѕвездата Тоше Проески
И "бубата" на Тоше во спомен-куќата во Крушево
Станот на Тоше – се е исто само него го нема
„Златен медал на хуманоста“ постхумно за Тоше
Бизарен албум со сликички од Тоше
Вечер на Тоше на Беовизија
Во неутешна болка одбележан денот на раѓањето на Тоше
Роденденот без Тоше
Тоше во нова гробница
Хрватска делегација во Крушево
СНИМКА ОД ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПРОСТУВАЊЕ СО ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ
Наjновo од Забава
Најдобри ТВ доктори
Мадона повика на масовен секс
Да им се плаќа, мајките би заработувале 116.805 долари годишно
Освојувањето на светските арени почнува од Велс
Хакер украл податоци за шест милиони Чилеанци
Обожавателите на Тоше ги бојкотираа наградите „Порин“ во Хрватска
Северина конечно невеста
Ме запроси на врвот на светот
Том Круз во „Невозможна мисија 4“
Продолжив да пеам заради мајка ми
Вајнтхаус со уште еден рекорд
Лив Тајлер се разведува
Видео клип
Пингвин
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи