понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Забава / Showbiz

Овен Вилсон и Кејт Хадсон се верија

Проблематичниот актер Овен Вилсон се сврши со својата поранешна девојка Кејт Хадсон.

Холивудската двојка раскина во мај минатата година откако Хадсон го обвини Вилсон дека не е посветен на нивната врска. По раскинувањето ѕвездата на филмот „The Wedding Crashers“ се обиде да се самоубие, сечејќи си ги вените и земајќи преголема доза на апчиња.

По турбулентниот период, во март годинава Кејт и Овен повторно се смирија и се чини дека се посреќни од кога и да е.

Папараците минатиот викенд во Бостон направиле слики од Кејт на кои јасно се гледа нејзиниот свршенички прстен. Потврда на ваквите информации стигна и од близок пријател на двојката.

„Кејт му се најде во неговите најлоши моменти. За Овен тоа беше доказ дека таа е вистинската жена за него, жената со која сака да го мине целиот свој живот. Го избра најголемиот прстен кој можеше да го најде. Беше многу нервозен... Кејт беше трогната од запросувањето... целата ситуација беше многу емотивна“, вели изворот.

Изворот вели дека свршувањето било чекор напред во повторното продлабочување на врската на двојката. Да се надеваме дека овој пат врската ќе потрае.

(Д.Т)




Наjновo од Забава
Најмасовна журка на Партијата на добра забава фото галерија
1963 Корвета - глисер
Хадсон и Вилсон раскинаа
Секс-снимка на Бритни и Аднан
Ријана станува актерка?!
Вистинска возбуда во центарот на Скопје – концерт на Sugababes!
Т-Home бесплатен концерт на Чолиќ
Џоди Фостер ја прекина 14-годишната хомосексуална врска
Колин Фарел анорексичен?!
Донација од 250 илјади долари
Убавите луѓе немаат добар секс
Видео клип
Волеј
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи