Забава / Showbiz
Парис ги замени журките со Монопол?!
Да не ти се верува – разгалената богаташка Парис Хилтон, која по појавувањето на секс лентата постојано ја бранува јавноста вели дека се откажала од лудиот ноќен живот за да игра монопол со нејзиното момче Бенџи Мејден.
Трендсетерката вели дека младешките денови на луди забави се минато, повеќе сакала да седи дома и да игра игри со нејзиното момче.
„Кога бев помлада сакав да излегувам, но сега имам одлична врска и позабавно е да се седи дома. Не сакаме многу за шетаме. Навечер ни доаѓаат пријатели и играме монопол.
Парис вели дека Бенџи и помогнал да созрее и да стане тоа што сега е.
„Тој ми го смени животот. Сакам да готвам за Бенџи. Одлично правам лазањи. Многу пораснав и сега сум мирна“, вели Хилтон.
(Д.Т)
|