
|
 |
Забава / Showbiz
Парис се сликаше за руското „GQ“
Насловната страна на руското машко списание „GQ“ овој месец го краси богатата наследничка Парис Хилтон која се појавува полугола и според сопственото признание „обожава да ја провоцира јавноста“.
Според светските медиуми, за јавноста да не ја заборави, таа се потруди да гостува во шоуто на Давид Летерман каде призна дека со нетрпение ја чека свадбата со нејзиното момче Бен.
- Зборуваме за бракот и многу сум среќна поради тоа. Со Бен сакам да ја поминувам секоја минута. Ако некогаш сте не виделе заедно, сигурно знаете за што зборувам, призна 27-годишната Парис.
Момчето на Хилтон е брат-близнак на сопругот на најдобрата нејзина пријателка и колешка од реалното шоу „The Simple Life“ Никол Ричи со која неодамна доби дете.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|