среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Забава / Showbiz

Тајната на продолженииот оргазам

Алчни девојки, читајте со внимание: Ако сакате подолг, подлабок, поинтензивен оргазам, тогаш сте на вистинското место.
Имајќи во предвид дека просечниот женски оргазам трае помеѓу 15 и 30 секунди, не е изненадувачки што многу жени мислат дека се проневерени на таа тема. Сега замислете оргазам кој трае цели 30 минути. Ова беше тема на истражување на двајца сексолози кој оваа техника ја нарекоа “Продолжен сексуален оргазам“ Техниката е измислена уште во 80-тите години на минатиот век, и за неа се вели дека ако не ја разберете во 5 минути, тогаш нема никогаш да ја разберете.

Да започнеме:

Чекор број 1: Самиот

-Мислете позитивно на сексот. Повеќето од нас се спротиставуваат на задоволството отколку што го оставаат да  надвладее. Оставете уживањето да трае, не го прекинувајте. Тргнете ги мислите дека ќе свршите прерано или дека некој ќе ве попречи- само уживајте.

-Правете пелвични вежби. За тие што не се запознаети што значи изразот, овие вежби инволвираат притискање, држење, а потоа испуштање на мускулот преку кој го контролирате уринирањето. Идеата е да се зацврстат овие мускули преку повторување на постапката од 25 до 30 пати, 3 серии на ден. Внимавајте додека мастурбирате. Ако веќе знаете кој притисок, брзина и движења ви одговараат, тогаш, одлично. Но ако сеуште сте аматер, вежбајте, немојте да се срамите или плашите од тоа.

Чекор број 2: Со партнерот

Легнете додека партнерот седи или клечи на коленици до вас или над вас. Партнерот нека стави некаков лубрикант околу и во вашата вагина како и на перинеумот (делот помеѓу вагината и анусот). Следно што треба да направи е со нежни допирања и притискања да ја движи неговата рака околу вашите гениталии, но не е дозволено да го стимулира клиторисот или внатрешноста на вагината. Овие “масажи“ треба да траат најмалку 5 минути со меѓувремено галење и бакнување.

Следната фаза на стимулацијата претставува надразнување на клиторисот. Потребни се бавни, нежни и кружни движења на прстот на партнерот над клиторисот. Брзината на кружните движења не треба да биде поголема од едно кружно движење во секунда. Слободно советувајте го во врска со притисокот и ритамот со кој сакате да бидете задоволени. Како што партнерот врши стимулација на вашиот клиторис, вие почнете да ги правите пелвичните вежби со паралелно длабоко дишење преку стомакот.

Подгответе се за оргазмот, бидејќи сега работите ќе почнат да се комплицираат. Како што ќе почне чувството дека кулминацијата надоаѓа, вие треба да внимавате за да осетите регуларни контракции на вагиналниот дел во интервал од 2 секунди.

Како што ќе започнат овие контракции, партнерот треба да престане со стимулација на клиторисот и да премине кон притискање на внатрешните ѕидови на вагината. Со користење на прстите, партнерот треба да притиска на ѕидовите, а потоа да ги пушти да се вратат во нормалната состојба или пак да навлезе подлабоко во вас и со кружно движење да го притиска и пушта ѕидот додека ги вади прстите од вагината (но не да ги вади прстите целосно). Ако сакате, концентрирајте се на предниот вагинален ѕид (тој веднаш под стомакот) преку притискања со показалецот и средниот прст.

Најважно при било која од овие стимулации е дека ритамот треба да биде бавен и мирен (без нагли движења).

-Откако ќе доживеете оргазам, партнерот ќе осети дека вагината се собира. Ова е момент кога најмногу партнери престануваат. Но, во овој случај, не треба. Првиот оргазам е само почеток. Партнерот треба да продолжи да ги користи прстите со нежно допирање на вагината, а потоа и со зголемена сила и фрекфренција, кога ќе видите дека сте спремни за нова тура. Процесот ќе доведе до нова серија на контракции.

-Во моментот кога партнерот ќе осети подзапирање на пулсирањата, треба да продолжи со стимулирање на клиторисот како што правеше и првиот пат. Континуираното стимулиање ќе предизвика нови контракции - точка каде повторно се преминува кон стимулирање на внатрешноста на вагината. Партнерот треба да продолжи со наизменично стимулирање на клиторисот и вагината се додека контракциите не се појават на секоја една до пет секунди.

-Откако постапката ќе се повторува 15 минути, контракциите почнуваат да стануваат континуирани. Кога вагината сама ќе почне да се движи со брановидни притискања на мускулите, тогаш се наоѓате во финалната фаза. Сега партнерот треба да дојде во позиција во која ќе може да ги користи двете раце и да го зарджи балансот. Во таа позиција треба да се продолжи со стимулација на клиторисот и вагината одеднаш. Резултатот е серија на оргазми одеднаш, кога нема да сакате да престанете.

Останати совети за подобро задоволување

1.Најдете ги “жешките“ денови - ништо нема да ви вреди ако ја пробувате постапката во денови кога не ви е до тоа. Најдобро е да водите евиденција на менструалните циклуси и да ги таргетирате деновите веднаш после половината на изминатиот период од менструалниот циклус. Или пак водете евиденција на “среќни денови“, после некој месец ќе забележите шема на појавување на тие денови – тогаш искористете ја техниката.

2.Пијте помалку – алкохолот ги репресира телесните функции и ја намалува шансата за постигнување на продолжен организам.

3.Употребувајте лубриканти – тие овозможуваат подолготрајна стимулација без чувство на триење и сушење на кожата.

4.Мрдајте со колковите – колку повеќе мрдате со колковите, толку посилен и подолготраен ќе биде вашиот оргазам.

5.Фокусирајте се на чувствата – немојте да забегувате со паметот за време на оргазмот. Мислете на него и фокусирајте за да осетите дури и најмала контракција.

6.Променете ја стимулацијата – ако сега сте имале клиторичен оргазам, преминете на пенетрација или вагинална стимулација. Ако сте имале оргазам преку однос, продолжете со уживање во орален секс.

Најчесто првиот оргазам е најјак и најостар, додека вториот е подолг.

(Б.Т)




Наjновo од Забава
Pimp My Scooter
Бијонси е трудна?!
Со црн деколтиран фустан до финале
„Axe“ на Меконахи: „Смрдиш!“
Парис ги замени журките со Монопол?!
Историјат на „Песната на Евровизија“
Џиновска крава - висока 198см
Мајмунот ќе ми ја откинеше цицката
По 10-години градот повторно го доби сексот
Тајната на продолженииот оргазам
Парис се сликаше за руското „GQ“
Овен Вилсон и Кејт Хадсон се верија
Видео клип
Пожарникар
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи