вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Забава / Showbiz

По 10-години градот повторно го доби сексот

Десет години по феноменалниот успех на серијата „Сексот и градот“, Кери, Шарлот, Миранда и Саманта ја добија својата филмска верзија.

Режисерот Мајкл Патрик Кинг вети „одличен секс“, а гледачите кои присуствуваа на вчерашната светската премиера во Лондон ни малку не беа разочарани. По завршувањето на двочасовниот филм следеа воздишки, насмевки, аплаузи, а неизбежни беа и шамичињата за насолзените очи.

„Сексот и градот“, велат критичарите им го даде тоа што им требаше на легијата обожавателки.

Филмот се врти околу прашањето ќе има ли или нема да има свадба, а сето тоа проследено со бременост, жесток секс, афера, и многу, многу дизајнерски фустани.

Нема да откриваме што се случува, но ќе кажеме, како и секогаш Ким Картел која ја глуми Саманта и понатаму ќе продолжи да ви ги краде насмевките.

Сара Џесика Паркер сакала да се откаже од „Сексот и градот“

Актерката Сара Џесика Паркер очајно сакала да се откаже од серијата „Сексот и градот“ и барала нејзиниот агент да го поништи  договорот.

Ѕвездата која се појавува во различни проекти во Њујорк не можела да се носи со фактот дека ќе биде врзана за ТВ шоуто додека трае серијата.

Кога нервозата кулминирала, актерката во паника му се јавила на својот агент и го убедувала да разговара со менаџментот на серијата „Сексот и градот“ да не ја регрутираат за улогата на Кери Бредшо.

„Имав прекрасен живот во Њујорк. Одев во театар, кино, имав слободно време на претек и редовно се гледав со своите пријатели. Ме фати паника кога ми рекоа дека ќе морам да бидам присутна на секое снимање. Никој не можеше да ме смири. Постојано мислев ’Што да направам за да побегнам?’ Му се јавив на мојот агент и го молев ’Мора да ме извлечеш од ова. Не ми е гајле што треба да направиш. Дури и да банкротирам и да останам на улица, јас едноставно не можам да бидам во серијата „Сексот и градот“.

Сепак открива дека нејзините стравови биле ирационални.

„На крај ме добија, и откога стапнав на првиот сет, никогаш повеќе не погледнав наназад“, вели Паркер.

Ким Картел – инспирација за постарите жени

Мајката на актерската Ким Картел сака да гледа како нејзината ќерка се соблекува во „Секот и градот“, бидејќи  Саманта е инспирација за сите постари жени.

Педесет и едно годишната актерка не се срамеше да се соблече во хит серијата на телевизијата „HBO“, а без сомнение се соблекува и во филмската адаптација.

„Ким е идол на сите жени во своите 50-ти години. Се зборуваше многу за нејзиното соблекување во филмот, но сметам дека таа изгледа одлично“, вели седумдесет и деветгодишната мајка на Картел и додава дека луѓето се љубоморни што Саманта изгледа добро и има одлично тело.

Mr Big. вибратор


Обожавателките на „Сексот и градот“ освен филмот добија уште еден поклон, вибратор посветен на познатата серија.

По повод десетгодишната од појавувањето на познатото култно шоу на пазарот се појави вибратор со името на познатиот срцекршач во серијата Mr Big.

На еден од интернет сајтовите стои дека жените дефинитивно ќе го обожаваат пред се затоа што нуди двојно задоволство.

Производителот „LoveHoney“ соопшти дека сите жени кои ќе го гледаат филмот ќе можат да го добија за половина цена.

„Како што Big беше вистинскиот за Кери, сметаме дека овој Mr Big ќе биде вистинскиот за фановите“, вели произведувачот.

(Д.Т)




Наjновo од Забава
Мајмунот ќе ми ја откинеше цицката
По 10-години градот повторно го доби сексот
Одлична куќа за мачки
Тајната на продолженииот оргазам
Најпопуларни имиња во САД
Парис се сликаше за руското „GQ“
Њујорк со водопади
Овен Вилсон и Кејт Хадсон се верија
Најдобри ТВ доктори
Мадона повика на масовен секс
Освојувањето на светските арени почнува од Велс
Обожавателите на Тоше ги бојкотираа наградите „Порин“ во Хрватска
Северина конечно невеста
Видео клип
Шо прај овој...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи