
|
 |
Забава / Showbiz
Историјат на „Песната на Евровизија“
1950-ти
1956- почнува натпреварот и победи Швајцарија со Лис Асиа и песната „Рефрен".
1957- победа за Холандија со Кори Брокен, додека Британката Патриција Бредин беше седма.
1958- прв е Французинот Андре Клаво со „Спиј, љубов моја". Британците не учествуваат.
1959- Британците беа втори зад Холанѓаните, со песната „Пеј мала птицо" со Перл Кар и Теди Џонсон.
1960-ти
1960- повторно прва е Франција а Британците беа втори продолжувајќи го трендот на банални наслови: Брајан Џонсон пееше: „Гледајќи високо, високо, високо..."
1961- победа на Луксембург а Британците одново втори. Ди Алисонс ја пееја сопствената песна „Дали си сигурен?"
1962- одново победа за Франција, а британското учество на Рони д Минстрел Карол со песната „Ринг а динг девојка" останува на четврто место. Белгија стана првата земја која освојува нула поени.
1963- победа за Данска, додека за Британците пак пее Рони Карол со песната „Речи прекрасни нешта" и одново го зазема четвртото место.
1964- прва е Италија, а Британците остануваа втори со песната „Сакај ги малите нешта" со Мет Монро кој подоцна ја пееше темата за филмот на Џејмс Бонд, „Од Русија со љубов".
1965- одново победува Луксембург со 17-годишната Франс Гал пеејќи песна на Серж Генсбург. Британката Кети Кирби останува на втора позиција со „Припаѓам".
1966- …и повторно Луксембург, додека Англија се чини повеќе ја прославува победата на Светското фудбалско првeнство, така што Британија останува на седмо место со Кенет МекКелар и песната „Човек без љубов".
1967- Британците конечно успеваат да победат со „Кукла на конец" што ја пее Сенди Шо, тогаш во својата хипи-фаза и која босонога излезе на сцената во Виена.
1968- прва е Шпанија со темата „Ла, ла, ла" зборчиња кои, некој изброил, се повторуваат дури 138 пати. Но затоа Британците се втори со големиот хит на Клиф Ричард „Честитки".
1969- е чудна година во која со ист број поени победуваат дури четири земји: Шпанија, Франција, Холандија и Британија. Црвенокосата Лулу настапи откако во домашните квалификации успеа да победи извесен Елтон Џон. Лулу пееше „Бум-бенг-а-бенг".
1970-ти
1970- за прв пат победува Ирска со пејачката Дана. Британката Мери Хопкин е втора, а грациозниот Хулио Иглезијас на четврто место.
1971- година значи победа за Монако а Британија е четврта од 18 натпреварувачи. Клодах Роџерс пееше „Џек во кутијата".
1972- прв е одново Луксембург. „Њу сикерс" пеат за Британија со „Проси, кради или позајми".
1973- ...и пак Луксембург. Таа година уште меѓународно непознатата АББА не успева на шведските квалификации со песната „Ринг ринг". За Британците учествува Клиф Ричард со темата „Моќ за сите наши пријатели" која освојува трето место.
1974- Во Брајтон победа на Шведска со големиот хит „Ватерло" на успешната АББА. Британците се четврти со учеството на Оливија Њутн-Џон.
1975- Победа за Холанѓаните од „Тич ин" и темата „Динг а донг". Шедоус со песната „Остави ме да бидам тој" остануваат на второ место.
1976- Британците победуваат и по трет пат. „Брадерхуд оф мен" и нивните лесни танчерски чекори ја проследуваат песната „Сочувај ги сите бакнежи за мене".
1977- Победува Франција со песната „Детето и птицата" додека Линдзи де Пол и Мајк Моран се втори со темата „Рок-ботом".
1978- Победа на Израел со Изар Коен и „А-ба-ни-би". Британците дури 11-ти со Ко-Ко. Норвешка останува без поени.
1979- Повторена победа на Израел. Британците Блек Лејс ја почнуваат својата кариера со седмата позиција и темата „Мери Ен".
1980-ти
1980- Прво место за Ирска и Џони Логан кој пее „Што е уште една година?" За Британија пее Дени Фин од поранешните „Њу Сикерс“ со „Примадона".
1981- Во Даблин, Норвешка по трет пат останува без поени. Победуваат „Бакс Физ" четири поени пред Германците. Темата „Реши се" останува на британските топ-листи цели три недели.
1982- Во Харогејт прва победа за Германија и Никол со „Малку мир" која беше снимена на шест јазици и заседна на топ листите низ цела Европа. За Британија пееја Бардо и достасаа до седмо место.
1983- Уште еднаш Луксембург на чело и покажува дека не е се' во големината. Корин Ерме со „Животот е подарок". Британците ги претставуваа „Свит дримс“ со „Никогаш не се откажувам".
1984- Победа на Шведска со „Диги лу диги леј". Но британските учесници „Бел енд д дивоушнс" се исвиркани од публиката на крајот од песната. Се смета дека тоа беше реакција на однесувањето на англиските фудбалски хулигани. Освоија седмо место.
1985- На чело е Норвешка со Бобисокс и „Нека се ниша". Британката Вики е четврта со „Љубовта е..."
1986- Победува Белгија со 13 годишната Сандра Ким и темата „Го сакам животот". Британците „Рајдер" се седми.
1987- Нова победа на Ирска со Џони Логан кој станува првиот двоен победник на Евровизија. Рики нема многу среќа и го освојува само 13-то место за Британија.
1988- Швајцарија за прв пат го зема приматот со канадската Французинка Селин Дион (да, токму таа Селин Дион). Британскиот претставник Скот Фицџералд е потиснат на второ место.
1989- Прва победа за Југославија и групата Рива со темата „Рок ми". Британците „Лајв рипорт" се втори со „Зошто секогаш грешам?"
1990-ти
1990- во Загреб победа на Италија и Тото Кутуњо. Британката Ема вели „Возврати му со малку љубов на светот" и го зазеде шестото место.
1991- уште една победа на Шведска по нерешениот исход со Франција но благодарејќи на повеќе освоени „десетки". 17-годишната Саманта Џанус пее за Британија со „Порака за твоето срце" и останува на 10-то место.
1992- во Малме, Ирска одново на чело со Линда Мартин со песна од Џони Логан. Британецот Мајкл Бол на второ место.
1993- „Евровизија“ се проширува со новите земји од источна Европа. Нова победа на Ирска и Ниам Каванах додека Британката Соња останува на второ место. Сепак, таа е подобро пласирана на топ-листите.
1994- трета победа едноподруго за Ирска. Пол Харингтон и Чарли Мек Гетиган со „Рок ен рол деца". Британката Франсес Руфеле е на десетто место. Забавата на полувремето ја обезбедува „Риверданс“.
1995- победа за Норвешка, по втор пат. Британците со песната „Лав сити грув" се десетти.
1996- ...и пак Ирска по само едногодишна пауза. За Британија настапи поранешната Австралијка Џина Џи со „Ух-ах-само уште малку" но го досегна само осмото место иако потоа беше многу поуспешна на топ-листите.
1997- Норвешка уште еднаш остварува рекорд и останува без поени. „Катрина енд д вејвс" поставуваат рекорд во вкупно освоени поени и убедливо се први со „Љубовта сјае светло".
1998- трансексуалката Дана Интернешенел му носи победа на Израел. Британката Имани е втора.
1999- победа за Шведска и Шарлот Нилсон со „Однеси ме во твојот рај". Британците се 13-ти со Преш’с и „Речи уште еднаш".
2000-ти
2000- прво место за Данска со браќата Олсен и „На крилјата од љубовта". Ники Френч пее за Британија со „Не ја пуштај таа песна уште еднаш" но останува на 16-то место.
2001- победа за Естонија во големиот „Паркен стадиум" во Копенхаген со околу 38.000 гледачи, најголем натпревар дотогаш. 16-годишната Британка Линдзи Дракас остана само на 15 место и 28 поени со темата „Ниту еден сон не е невозможен".
2002- прво место за Летонија со Марија Наумова и песната „Сакам..." Џесика Гарлик пее за Британија со „Врати се" и спасува сосема пристојна трета позиција.
2003- на чело е Турција. Но Британците „Џемини" ја посрамија нацијата со нула поени. Некои обвинуваат дека тоа било поради недоволно проби, други талент, трети - наводно лошата опрема. Всушност беа слаби и што помалку се зборува - тоа подобро.
2004- во Истанбул победа за Руслана со „Диви танци" иако тоа е допрва втор настап за Украина. Џејмс Фокс пее добро со „Задржи ја нашата љубов" но без добар резултат, Британците се 16-ти.
2005- победа за Грција и фаворитката Елена Папаризу. За Британија пее Џавин, која се бореше со проблеми со грлото и успева да освои само 18 поени, доволно за 21 место.
2006- во Олимпискиот комплекс во Атина, на општо изненадување победува Финска со хорор-тешкометалците Лорди, и освоени 292 поени. Победата се нарекува „повик за отворен ум". И покрај големи надежи, „Даз“ и „Тинејџерски живот" завршуваат на 19 место за Британија.
2007- прво учество на Србија како независна држава и прва победа со „Молитва“ на Марија Шерифовиќ за која највисоките оценки ги дадоа сите поранешни членки на СФРЈ. Британците претпоследни заедно со Французите, последни - Ирците.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|