Забава / Showbiz
„Axe“ на Меконахи: „Смрдиш!“
Со совршен плексус и насмевка која разоружува, актерот Метју Меконахи дефинитивно е еден од најпосакуваните мажи во светот. Но, кога суперѕвездата од големото платно, која честопати е фотографирана испотена и без маица, откри дека не користи деодоранс, обожавателките се разбегаа.
Претставниците на компанијата која го произведува деодорансот „Axe“ пишале писмо да холивудскиот актер, нудејќи му ја својата помош.
„Знаеме дека имате прекрасна девојка, Камила Алвес. Но, нашето неодамнешно истражување покажува дека речиси девет од 10 девојки (89 отсто) би одбиле момче кое лошо мириса, без разлика колку добро тело има и колку е успешен. Во британскиот весник „Sunday Times“ прочитавме дека никогаш не користите деодоранс. Со цел да ви помогнеме да ја задржите Камила ви нудиме една година да ве снабдуваме со нашиот нов деодоранс AXE Bullet, првиот џебен деодоранс за мажи. Знаме дека постојано патувате, па оттука сметаме дека ова мал „gadget“ совршено ќе се вклопи во вашиот животен стил“.
Се уште не се знае дали Меконахи ќе ја прифати понудата на „Axe“.
(Д.Т)
|