
|
 |
Забава / Showbiz
Со црн деколтиран фустан до финале
Тамара на полуфиналето на Евросонг во Белград на 22 мај ќе блесне во црн фустан, инспириран од стилот на актерката Иди Сеџвик, музата на уметникот Енди Ворхол, изработен од креаторот Јован Петровски, кој ќе се погрижи и за изгледот на придружниот вокал. Адријан и Врчак ќе бидат облечени во стилот на ганстерот Ал Капоне, во креации на креаторот Зоки "Кавали".
Тамара ќе носи црн фустан до под колена , со длабоко деколте. Фустанот е од ситно плисирано жерсе, шиен е во вид на два круга, кој дава волумен на моделот кој ја прати линијата на телото. Место ракави ќе има винтиџ реси. Од модни детали, Тамара ќе носи рачно изработени обетки од црни и светло сини кристали "Сваровски" од Горан Сиџимовски. Црно-сини ќе бидат и чевлите "Прада", купени во Скопје, со сини Сваровски кристали на потпетиците на чевлите, кое се на мала платформа за да може Тамара да се движи.
- Темпераментот на Тамара е многу сличен со темпераментот на актерката Сеџвик, и токму заради тоа мислев дека и нејзиниот стил на гардероба ќе одговара на стилот на Тамара кој го замислив за Евросонг во Белград, вели дизајнерот Јован Петровски.
Гардеробата на нашите годинешни евровизиски претставници, поради финансиски проблеми, е завршена во последен момент. Јован го заврши фустанот на Тамара само неколку часа пред тргување на евровизиската тројка за Белград , пред и тој самиот да замине за Сараево, каде со својата нова колекција по втор пат ќе учествува на Модната недела
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|