Забава / Showbiz
Гери Халивеј ја менува Библијата

Гери Халивеј, поранешната спајсица која се откажа од пеењето и се посвети на пишување книги, својот новооткриен талент го примени на крштевањето на својата ќерка, менувајќи делови од Библијата. „На крштевањето на Блубел, Гери го замоли Дејвид Вилјамс да прочита пасус од Билблијата. Беше чудно зошто преправила некои делови, за кои рече дека ги изменила бидејќи така подобро звучеле“, вели извор близок до пејачката. Триесет и петгодишната Халивеј, по завршувањето на турнејата со Spice Girls ја објави својата прва книга за деца „Eugenia Lavender“ и го најави конечното заминување од светот на музиката.
|