
|
 |
Забава / Showbiz
Со „Слепило“ отворен Кански филмски фестивал
Меѓународниот 61. филмски фестивал во Кан беше отворен со прикажувањето на аполикалиптичниот филм „Слепило“ на бразилскиот режисер Фернандо Меирељес.
Најновото остварување на Меирељес, режисерот на филмовите „Божјиот град“ и „Постојан градинар“, е направено според романот на португалскиот нобеловец Жосе Сараманга за епидемијата на слепило, ги опфаќа прашањата за човековата природа и чувствителноста на човековото општество.
- Тоа е како цивилизацијата да е изградена на тенок слој мраз што може да пукне секој момент. Тоа е метафора за сите зла на дваесетиот век, рече Меирељес на прес - конференција.
Мрачниот филм, зачинет со апокалиптични сцени во хаотичниот свет, во кој главната улога ја толкува американската актерка Џулијен Мур, е едно од 22-те остварувања, што се натпреваруваат за престижната „Златна палма“. Со седумчленото жири оваа година претседава прославениот американски актер и режисер Шон Пен.
 Филмот има меѓународна екипа. Во неа се Американците Марк Руфало и Дени Гловер, мексиканскиот актер Гаел Гарсија Бернал, како и Јапонците Јошино Кимура и Јусуке Исеја, кои првпат зборуваат англиски во еден филм.
Оваа година во конкуренција за „Златна палма“ се новите филмови на браќата Жан Пјер и Лука Дарден „Лорината тишина“, „Градот 24“ од кинескиот режисер Џија Џангке, филмот „Challenging“ на Клинт Иствуд, „Пукотница во Палермо“ од Вим Вендерс“ и филмот „ЦЦе“ од Стивен Содерберг, кој зборува за животот на Ернест Че Гевара.
Во натпреварувачкиот дел ќе бидат прикажани и филмовите „Три мајмуни“ од Нуриј Бидл Чејлан, „Божикна приказна“ од Арно Деплесан, „Обожавање“ од Атом Егојан. „Гомора“ од Мате Гаронеа и други.
Надвор од конкуренцијата, меѓу првите ќе биде прикажан анимираниот филм „Кунг-фу панда“ на продуцентската куќа „Дримворкс“, во кој своите гласови ги позајмуваат Анџелина Џоли, Џек Блек, Дастин Хофман и други актери.

На 20 мај ќе биде прикажан и филмот „Марадона“ на српскиот режисер Емир Костурица, кој исто така е надвор од конкуренција и зборува за животот на аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона.
Еден од хитовите на годинашниот фестивал ќе биде четвртиот филм на Стивен Спилберг од серијалот за археологот авантурист Индијана Џонс „Кралството на кристалниот череп“.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|