среда, 21.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Забава / Showbiz

Тамара, Врчак и Адријан се претставија во Белград

Музичката евровизиска делегација на Македонија ги претстави своите учесници на изборот за Евровизија во „Сава“ центарот во Белград.

Македонија во второто полуфинале ќе ја претставуваат Тамара Тодевска, Раде Врчаковски - Врчак и Адријан Гаџа со песната „Let me love you“, за која музиката и текстот ги изработи Врчак.

Иако македонската музичка евровизиска тројка својата песна ја испеа на шест јазици (македонски, англиски, српски, турски, албански и руски), на Евровизија тие ќе ја отпеат англиската верзија на песната бидејќи сакаат сите да разберат за што пеат.

Нивната песна во хип-хоп и р'н'б верзија претставува резултат на искуството на тројцата изведувачи кои се занимаваат со различни музички жанрови, а за оваа можност тие ја споија својата енергија и имаат намера да им ја пренесат на луѓето во Белградската арена.

Шефот на македонската делегација Миланка Рашиќ најави дека денес во „Еурокафе“ во 22 часот ќе биде организирана забава на која сите присутни ќе имаат можност да уживаат во музиката на Тамара, Врчак и Адријан, како и во македонската храна и вино.

Дел од забавата ќе биде посветен на најголемата македонска музичка ѕвезда, пејачот Тоше Проески, кој минатата година во сообраќајна несреќа го загуби животот. Ќе биде прикажан и документарен филм за неговиот интернационален успех.

Тамара учествуваше на многу фестивали, а во 2005 година се појави нејзиниот албум „Сино“ кој беше прогласен за албум на годината во Македонија. Таа учествуваше и на Евровизија во 2004 година како придружен вокал на Тоше Проески.

Раде Врчаковски - Врчак ги завршува студиите по медицина и е познат композитор, текстописец и изведувач, а неговиот последен албум излезе во 2007 година и беше еден од најпродаваните во земјата.

Врчак беше и амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и добитник на наградата за хуманитарна работа „Мајка Тереза“. Тој е и автор на песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска се претстави на Евровизија во 2006 година.

Адријан Гаџа, познат по своите атрактивни сценски настапи, го освои првото место на „Видеофест“ и „Охрид фест“ и е прогласен за најдобар изведувач на „Топфест“, а во дует со Есма Реџепова го освои второто место на македонскиот избор за Евровизија во 2006 година. Гаџа има објавено три албуми на албански и еден на македонски јазик.


Сродни вести
Финалистите за Евровизија ќе ги избира публиката и жири
Со црн деколтиран фустан до финале
Историјат на „Песната на Евровизија“
Наjновo од Забава
Ријана со своја колекција на долна облека
Избрани првите 10 финалисти за „Песна на Евровизија“
“Гнездо во Ротердам“
Ерусалим го бара градот без сексот
Стартува првата полуфинална евровизиска вечер во Белград
Чуден развод...
Трудниот маж ќе се породи на 3 јули
Распродадени неколку концерти на Мадона
Сексот е важен дел од животот
Метју Меконахи ала Мадам Помпадур
Финалистите за Евровизија ќе ги избира публиката и жири
Џери Хол ја продава венчаницата
Качер: Камерон Дијаз ме натепа
Видео клип
Е така ти е тоа,,,
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи