Забава / Showbiz
Колин Фарел анорексичен?!

Нема мали или големи улоги за контроверзниот ирски актер Колин Фарел, кој го освои Холивуд. Фарел за потребите на неговиот последен филм Triage драстично ја намали својата телесна тежина со цел да ја долови улогата на воениот репортер. Драстичното слабеење, ги загрижи неговите најблиски пријатели кои се плашат дека рапидното губење на десетици килограми може негативно да се одрази на неговата здравствена состојба. На фотографијава Фарел, кој е фатена за време на паузата од снимањето во Шанија, изгледа ковчесто, повлечено и плачливо, нешто што не е карактеристично за познатиот ирски бунтовник. Ова не е прва драстична промена на неговиот изглед, и тоа се за доброто на филмска уметност. За потребите на „Александар“, на режисерот Оливер Стоун, Фарел мораше да стави повеќе килограми, а во S.W.A.T. беше во одлична физичка кондиција. Да се надеваме дека Колин нема да треба дополнително да слабее за потребите на „Triage“. (Д.Т)
|