Забава / Showbiz
Вистинска возбуда во центарот на Скопје – концерт на Sugababes!
Британското најпопуларно трио Sugababes оваа сабота на 17ти мај пред македонската публика по повод доаѓањето на T-Home во секое семејство во Македонија.
За да го претстави своето доаѓање во Македонија и возбудливото пријателство со секое семејство во земјата, T-Home најавува голем спектакуларен концерт оваа сабота во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“.
Со овој концерт се завршува неколку месечното ребрендирање на АД „Македонски телекомуникации“ во Македонски Телеком АД Скопје и започнува едно вистинско возбудливо дружење со секој член во семејството.
За да се потврди ова мото, а и за вистински да се почувствува новиот бран на адреналин којшто T-Home го најавува со своите услуги, за сите граѓани се организира голем бесплатен концерт со британската музичка атракција, најпопуларниот женски состав во Британија – Sugababes.
Концертот ќе започне во 22.30 часот и ќе трае 90 минути. Организиран е на највисоко техничко ниво со најголемата сцена којашто до сега воопшто била изградена на плоштадот „Македонија“ и поддржан е со музичка опрема специјално донесена во нашата земја за овој повод.
Девојките од Sugababes, Amelle Berrabah (Амел Бераба), Heidi Range (Хајди Рејнџ) и Keisha Buchanan (Киша Бјукенан), се планирани за во вториот дел на настанот, по настапот на балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ, кој својот концерт ќе го започне во 20.30 часот.
Идејата беше настанот да биде возбудлив за секој член од семејтвото, па истражувањето кое беше спроведено покажа дека повозрасните членови типуваат на Здравко, а изборот падна на Sugababes – со гласовите на помладите членови од македонските семејства, кои се и нивни најголеми фанови.
Според планот, Sugababes пред македонската публика ќе ги изведат нивните најголеми интернационални хитови од нивната музичка кариера, а останатиот дел од песните ќе бидат оние од нивната последна продукција.
Sugababes во Македонија доаѓаат по нивната голема турнеја низ Британија, која официнално заврши на 1ви мај. До сега немале настап во Македонија, а воопшто ниту на овие простори.
Во Македонија тие доаѓаат со тим од професионалци кој брои околу 25 луѓе кои, заедно со македонскиот тим, ќе обезбедат комплетно реализирање на претходно дефинираниот план за нивниот настап. Заедно со Sugababes доаѓаат 7 музичари, 3 танчери, стејџ менаџер, директор за светло, организација на сцена и нивни лични асистенти за изглед.
Сцената на која ќе настапуваат е најголемата сцена која до сега била изградена за ваков повод на плоштадот „Македонија“ и е долга 22 метри.
За комплетно уживање на посетителите обезбедена е и најдобра музичка техника за озвучување која е донесена од студио „Берар“ од Нови Сад, а дополнително е поставена и техника донесена од Англија. За ѕвездите се обезбедени и посебни backstage простории.
Концертот на Sugababes ќе започне во 22.30 часот и планирано е да трае околу 90 минути. Претходно, како дел од големиот концерт кој ќе биде со вкупно траење од 4 часа, пред публиката ќе настапи и балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ чиј концерт ќе започне во 20.30 часот.
Концертот е бесплатен за сите посетители.
SUGABABES / БИОГРАФИЈА
Тие се состав кој потекнува од Лондон и кој до сега има добиено Brit награда. Негови членови се талентираните Keisha Buchanan, Heidi Range и Amelle Berrabah. Прогасени се за најуспешниот женски состав во Велика Британија за 21-от век. Имаат продадено повеќе од 5 милиони албуми само во Британија. Бендот е создаден во 1998 година.
Статистички имаат издадено 21 сингл, 6 од нив биле први на сингл листата во Британија, како и 6 албуми кои биле меѓу напродаваните 40 во светски рамки. До сега Sugababеs имале повеќе топ 10 синглови (оние кои се нашле меѓу 10-те најпродавани на официјалната сингл листа во Британија) отколку The Supremes, Destiny’s Child, Eternal, Bananarama, па дури и Spice Giris. Sugababaes се и едни од ретките англиски состави кои успеале да имаат пет албуми на првите три позиции, од кои два биле и на првото место на листата на најпродавани албум во Британија.
Во 2003тата година тие добија и Brit Award за Најдобар денс состав.
Со издавањето на синглот “About You Know”, Sugababaes станаа единствениот женски состав кој што во исто време успеал да биде прв на сингл, албумската и листата на најдаунлоадирани синглови во земјата.
Бендот се создава кога Keisha Buchanan и Mutya Buena, кои биле пријателки уште кога имале по 8 години, ја среќаваат Siobhan Donaghy во 1998 година на една забава кога имале само 13 години.
Името Sugababes доаѓа од тоа што Keisha во основно училиште имала прекар “Sugar baby”. Дури и во една од песните на нивниот прв албум “One Touch” имаат песна во која постојано повторуваат “Sugababies on the run, shake it shake it”.
Подоцна, кога добиваат понуда за издавање на албумот за London Records, нивните продуценти одлучуваат да го сменат името во некое позрело, па така го добиват денешното.
За една од причините за промената се смета и тоа што веќе имало регистриран бенд под името Sugababies. Нивниот деби сингл “Overload” влегува меѓу најпродаваните10 синглови во Британија и добива Brit Award Номинација за најдобар сингл. За време на јапонската турнеја за промоција на албумот, Siobhan ја напушта групата со идеја да започне модна кариера. На нејзинот место доаѓа Heidi Range, која претходно беше дел од Atomic Kitten.
Заради незадоволување на очекувањата на London Records, куќата го раскинува договорот со бендот и тие си заминуваат од таму во 2001-ва година. Но затоа, нивниот следен проект, “Angels With Dirty Faces”, издаден за нов лејбл – Island Record, успева да стигне до втората позиција на најпродавани албуми во Велика Британија, да стане тројно платинест и да се продаде во повеќе од 1 милион копии низ Европа.
Вториот сингл од тој албум – “Round Round” е нивниот втор британски број 1 сингл.
Третиот студиски албум “Three” е издаден во 2003-та година и е номиниран за Brit Награда за Најдобар албум. Со сингловите од него тие продолжуваат да ја освојуваат сингл листата во Британија, “Hole In The Head” е уште еден нивни британски број 1 сингл. Истата песна е и првата Sugababaes песна која се појави на Billboard Hot 100 во САД, а истата беше прва на U.S. Hot Dance Music/Club Play. Вториот сингл од албумот Three, стана и еден од нивните најголеми хитови – Too Lost In You. Подоцна искористен и во саундтракот на филмот „Love Actually“ влезе меѓу најпродаваните 10 во Британија, Германија, Холандија и Норвешка.
Песната оригинално е снимена од французинката Patricia Kaas со насов “Quand J’ai Peur De Tout”.
Следниот сингл, трет по ред од албумот, “In The Middle”, доби номинација за најдобар британски сингл. Во 2004-та, Sugababaes им се приклучуваат на некои од најголемите британски ѕвезди како Coldplay, Dido и Robbie Williams, на снимањето на кавер верзијата на оригиналната песна “Do They Know It’s Christmas” оригинално изведена од Band Aid во 1984 година, кој што во декември истата година беше божиќен број 1 сингл во земјата со продадени повеќе од 200 илјади копии само во првата недела.
Во март следната година, Mutya Buena и нејзиното момче Jay добиваат ќерка, која ќе биде и една од причините таа подоцна да го напушти бендот.
На 2-ри октомври 2005-та, Dallas Austin го продуцира “Push The Button” кој што веднаш застана на првото место на сингл лустата во Британија со што Sugababaes го добија нивниот четврти број 1 сингл во земјата.
Се продаде во над 300 илјади примероци само во Британија и беше номиниран за Brit за Најдобар британски сингл. Истиот е уште еден од Sugababes сингловите кои успеал во САД.
Синглот само го најавува нивниот четврти студиски албум “Taller In More Ways” кој станува првиот број 1 албум на Sugababaes.
Во исто време тие се први на сингл, албумската, даунлоад листата и листата на највртени синглови на радио.
На местото на Mutya, во декември истата година доаѓа младата Amelle Berrabah, која бендот ја промовира со издавањето на синглот “Ugly”.
Причините за заинувањето на Mutya никогаш до крај не беа објаевни јавно иако и двете страни подеднакво пријателски се однесува меѓу себе. Од последната промена до денеска, само Keisha е останата како оригинален член уште од почетокот.
Пред да биде дел од Sugababes, Amelle и нејзината сестра имаа бенд наречен Boo2. Албумот “Taller In More Ways” станува платинест со продадени преку 1 милион копии во Европа.
По издавањето на нивната Greatest Hits Компилација и турнејата за неа, во текот на летото 2007-ма година, девојките се враќаат во студио и работат на сосема нов албум, прв со вокалите на новата членка Amelle. Повторно работат со супер продуценти како William Orbit, Dr. Luke и Dallas Austin.
Со издавањето на синглот “About You Know” тие стануваат првиот женски бенд во Британија кој успеал да добие најпродаван сингл во земјата само преку негово симнување од интернет.
Со издавањето на албумот “Change” тие добиваат уште еден број 1 албум со што се први на сите три главни топ листи во исто време (сингл, албум, даунлоад). Тие им се приклучија и на многуте женски ѕвезди кои заедно со Annie Lennox ја отпеаа песната “Sing” од последниот нејзин албум, посвенета на сите жени заболени од ХИВ/СИДА во светот.
По концертот во Скопје, Sugababes настапуваат уште на неколку фестивали и потоа заминуваат на одмор. По одморот ги очекува напорна работа и создавање на нивниот шести студиски албум за кој на големо се зборува дека ќе го прави Timbaland како продуцент.
Дискографија Студиски албуми
• 2000 - One Touch • 2002 - Angels with Dirty Faces • 2003 - Three • 2005 - Taller in More Ways • 2006 - Overloaded: The Singles Collection • 2007 - Change
Синглови
- Overload - New Year - Run For Cover - Soul Sound - Freak Like Me - Round Round - Stronger / Angels With Dirty Faces - Shape - Hole In The Head - Too Lost In You - In The Middle - Caught In The Moment - Push The Button - Ugly - Red Dress - Follow Me Home - Easy - About You Know - Change Denial
|