понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Забава / Showbiz

Најмасовна журка на Партијата на добра забава

Блокирани улици, врвулица од луѓе, насмеани фаци, зголемен адреналин. Најмасовна излезеност на македонските граѓани во центарот на метрополата. Не, не  станува збор за предизборен митинг, станува збор за најдобрата забава во последните 10 години, а можеби и повеќе.

T-Home, докажа дека дефинитивно го знае вкусот на народот. Знае како да ги урне сите можни бариери, и да ги сплоти сите, без разлика на возраста и националноста. Да му го понуди на народот тоа што му треба и за момент да направи Партија на добрата забава.

Четиричасовната забава започна со поп иконата на балканските простори Здравко Чолиќ, кој со својот оркестар и танчерки уште во првите минути успеа да ја пренесе својата позитивна енергија и да го крене расположението на публиката до максимум. Миксот од стари и нови песни, на начин на кој е само својствен Чолиќ, го стави народот во делириум, кој во еден глас, како петти пратечки вокал ја дополнуваше музиката на вечното момче.

Огромната сцена, доброто озвучување и одличното светло придонесоа за френетични аплаузи и врисоци после секоја од песните од двочасовното шоу на Чолиќ, кој уште еднаш покажа и докажа дека го знае патот до добрата забава.

Добро загреаната неколкуилјадна публика, брзо го направи менталниот switch и одлично ги прифати трите британски убавици Sugababes. Киша, Хајди и Амели со својот секси изглед и одлични вокални способности го притиснаа копчето и дополнително ги разбуркаа страстите на публиката.

Исполнувајќи ги своите мега хитови, од Ugly, Push the Button, преку Round Round, "Hole In The Head", искомбинирани со песните од последниот албум, девојките како да ја хипнотизираа публиката, која и еден час по завршувањето на забавата се уште беше на плоштадот, очекувајќи уште добра забава.

Партијата на добрата забава, на крај сепак се растури, но веројатно, во некоја нова прилика, во повеќе или помалку изменет состав повторно ќе се состане и ќе покаже дека знае да се журка.

 

ГАЛЕРИЈА

 

(Д.Т)

фото: Д. Христов




Наjновo од Забава
Руска “Супер Марио“ Лада
Финалистите за Евровизија ќе ги избира публиката и жири
Џери Хол ја продава венчаницата
Качер: Камерон Дијаз ме натепа
Продуцентите и рекоа „НЕ“ на Јохансон
Книги подобри од филмот - лоши адаптации
Пиле со четири нозе
Најмасовна журка на Партијата на добра забава фото галерија
Секс-снимка на Бритни и Аднан
Хадсон и Вилсон раскинаа
Ријана станува актерка?!
Вистинска возбуда во центарот на Скопје – концерт на Sugababes!
Видео клип
Волеј
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи