вторник, 20.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Забава / Showbiz

Книги подобри од филмот - лоши адаптации

Можеби приказната за Златниот компас си го најде своето место на филмското платно, но не ретко се случува движечките слики да не ја доловат магијата на книжевното дело. Или фантазијата е појака од филмот, или пак на филмот му недостасува магијата.

THE GOLDEN COMPASS (2007)

Приказната за Елитиометарот и луѓето кои имаат свои демони, олицетворение на нивната душа во форма на животни, едноставно не ја долови целата магија на големото платно, иако за него беа потрошени околу 70.1 американски долари. Фановите на новелата на Филип Пулман беа разочарани од адаптацијата на Крис Ваитц. Но, се чини дека фановите на трилогијата на Пулман не се единствените кои  лошо го оценија филмот. Освен црквата која се противеше и на книгата во кога се напаѓа Римокатоличката црква, филмот лошо помина и кај филмската критика, која пиша дека единственото добро нешто за филмот е тоа што е вториот најлош филм на Никол Кидман и Даниел Крег.

THE DA VINCI CODE (2006)

Оскаровецот Рон Хауард успеа на филмското платно да ја претстави ужасната адаптација на бест селерот Кодот на Да Винчи на Ден Браун. За жал и ѕвездите Том Хенкс и Одри Тоту немаа никаква хемија – дури се прашувате дали воопшто има контакт со очи.

FEVER PITCH (2005)

„High Fidelity“ и „About a Boy“, беа одлични, но што се случи со Fever Pitch? Можеби проблемот беше Џими Фалон, или пак недостатокот на добар англиски хумор. Како и да е екранизацијата на третата книга на Ник Хорнби, во која се појави Дру Баримор сепак лошо помина на филмското платно.

MEMOIRS OF A GEISHA (2005)

Ги имаше сите елементи за класик: бестселер, преубава екипа и оскаровец за режисер. За жал верзијата на Роб Маршал се изгуби во преводот. И покрај тоа што во него беше вклучена азиската елита, Ziyi Zhang, Li Gong и Ken Watanabe, кои ги понесоа главните улоги, холивудизацијата на богатата јапонска приказна, беше далеку од автентична.

TROY (2004)

Оваа филмска верзија на Хомеровата Илијада повеќе беше фокусирана на ликот на Бред Пит, односно познатиот грчки воин Ахил, отколку на Тројанската војна. „Врвно постигнување“ беа ликовите на Диане Кругер, односно Елена од Троја и на Орландо Блум, Парис, кои во 10 годишната војна, колкав период опфаќа филмот, не добија ниту едно бело влакно.

BRIDGET JONES: THE EDGE OF REASON (2004)

Фановите на првиот дел на Бриџит Џонс ја натераа Хелен Филдинс во вториот дел уште повеќе да и посвети внимание на смешната, хероина, која е олицетворение на повеќето жени. За жал, филмската адаптација на овој дел не успеа да внесе толку смеа, колку книгата.

THE CAT IN THE HAT (2003)/ DR. SEUSS' HOW THE GRINCH STOLE CHRISTMAS (2000)

Книгите на Доктор Сус се нешто што секое дете треба да ги има. Но, изгледа дека Мајк Маерс и Џим Кери се изгубија во шминката и имитирањето на животните. Успеаја да направат нешто од што секое дете би се плашело доколку навечер му се појави во неговата соба.

PLANET OF THE APES (2001)

Тим Бартон сериозно ја утна работата со адаптацијата на новелата на Пијер Бул, во која Марк Валберг се бори со нешто што ни одблизу не може да те излаже дека е вистински мајмун. Подобро гледајте ја верзијата од 1968 година со Чарлтон Хестон.

PROZAC NATION (2001)


Елизабет Вуртзек ја разбранува јавноста со својата автобиографска приказна за сексост, дрогата и депресијата од времето на нејзините студентски денови на Харвард. За жал, нејзиното прекрасно пишување не се почувствува од глумата на Кристина Ричи, која повеќе наликуваше на разгалено студентче кое се жали за сите пост-модерни работи.

THE MUSKETEER (2001)

Познатиот новелист од 19-век Александар Дима веројатно се превртувал во гроб кога на големото платно се појави модернизираната верзија на Тројцата мускетари во која се појавува Кетрин Денев, Мена Сувари и Тим Рот. Зошто? Режисерот Питер Хејмс го смени типичното мечување со авангардна хонгконшка воена вештина. Која се покажа како лоша замена.

EYES WIDE SHUT (1999)

Малкумина можеби знаат дека Стенли Кјублик својот филм го базирал на новелата на Dream Story на Артур Шнитзер. Дејството на новелата се одвива во Виена, кон почетокот на 20 век, а не во денешен Њујорк, место и време каде маскенбалите, свингерските забави и целата атмосфера има многу повеќе смисла. Наместо тоа добивме мастурбаторски вежби од тогашните сопружници Никол Кидман и Том Круз.

(Д.Т)




Сродни вести
Најдобри ТВ доктори
Наjновo од Забава
Метју Меконахи ала Мадам Помпадур
Руска “Супер Марио“ Лада
Финалистите за Евровизија ќе ги избира публиката и жири
Џери Хол ја продава венчаницата
Качер: Камерон Дијаз ме натепа
Продуцентите и рекоа „НЕ“ на Јохансон
Книги подобри од филмот - лоши адаптации
Најмасовна журка на Партијата на добра забава фото галерија
Секс-снимка на Бритни и Аднан
Хадсон и Вилсон раскинаа
Ријана станува актерка?!
Видео клип
Ама риба
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи