
|
 |
Забава / Showbiz
Џери Хол ја продава венчаницата
Белиот фустан од чипка, кој славната манекенка Џери Хол го носеше на венчавката со рок суперѕвездата Мик Џегер, на островот Фиџи, во 1990 година, ќе се понуди на продажба на јавната хуманитарна акција, а се предвидува нејзината цена да биде достапна - околу 300 фунти, пренесе „Дејли мејл“.
Венчаницата која ја креираше Ентони Прајс е само еден од 70-те примероци облека кои Хол ќе ги понуди на аукцијата намента за помош на бездомниците.
Манекенката на продажба ќе го понуди и кимоното од бела свила, кое и е свадбен подарок од Џегер.
Мик и Џери, кои имаат четири деца, во 1999 година ја завршија нивната бурна 20-годишна врска. Џегер го поништи бракот затоа што нивната венчавка според хинду церемонијата не беше призната ниту од индонезиските, ниту од британските закони.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|