Продуцентите и рекоа „НЕ“ на Јохансон

Ексклузивните барања на Скарлет Јохансон, скапо ја чинеа актерката, која не беше во можност да присуствува на громогласниот аплауз по проекцијата на нејзиниот нов филм на Канскиот филмски фестивал. Новиот филм на Вуди Ален, „Vicky Cristina Barcelona“ по прикажувањето доби 10-минутен аплауз, но Јохансон не допатува во Кан откако филмските продуценти ги отфрлија нејзините ексцентрични барања. Актерката имала проблем со изборот на хотел за престој, а воедно и барала свој шминкер, чија дневница е 5.000 американски долари. Ѕвездата не сакала да го користи make-up артистот кој бил задолжен за нејзините колешки од филмот, Пенелопи Круз и Ребека Хал. „На никој не му беше гајле што таа не беше таму. Филмот и онака е на Пенелопи и на Ребека, се разбира со голема помош од Хавиер Барден“, вели член на филмската екипа. Истиот извор вели дека Вуди Ален, кој неверојатно е наклонет кон Јохансон, бил малку вознемирен што таа не е тимски играч. „Сепак Јохансон се согласи дека ќе го поддржи филмот Америка и среќни сме поради тоа“, вели изворот. (Д.Т)
|