Забава / Showbiz
Качер: Камерон Дијаз ме натепа
Холивудскиот актер Ештон Качер изјави дека Камерон Дијаз во новиот филм му докажала оти може самата да се грижи за својата безбедност.
„Многу се смеевме. Имавме сцена каде што се бориме во Централ Парк и таа промрмори нешто. Таа е жена силеџија. Навистина се боревме, не беше преправање. Малку ме натепа, ама не беше толку страшно. Мислам дека нема слична на Камерон.
Ештон слушнал дека неговата филмска партнерка сака постојано да е во форма, па се потрудил да не изгледа смешно крај неа.
„Пред да почнеме со снимањето на филмот, работев со тренер, бидејќи не можев да дозволам главната актерка да биде во подобра форма од мене. Се изнамачи. Ми велеше: ’Се уште вежбаш? Па јас напорно вежбав сабајлево. Секој ден ме задеваше. Моравме да се бркаме низ Централ парк. Се тркавме и таа беше побрза од мене. Неверојатно е тешко да се следи “, вели Качер.
(Д.Т)
|