петок, 27.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Забава / Showbiz

Тимберлејк е болно педантен

Познатиот пејач Џастин Тимберлејк призна дека страда од опсесивно компулсивно однесување и недостаток на внимание.

Дваесет и седумгодишниот Тимберлејк вели дека овие две болести целосно го контролираат неговиот живот.

Хитмејкерот на „SexyBack“ открива дека е болно педантен и опседнат со потребата сè да биде под конец и секој предмет да биде поставен на своето совршено место.

„Понекогаш е навистина тешко да се живее така, но животот тече и се надевам дека ќе успеам да ги решам овие болести“, изјави Тимберлејк, додавајќи дека постепено ја презема контролата во своите раце.

Психолозите велат дека ваквата појава придонесува лицата постојано да се под стрес, но стресот кој е последица на ваквото пореметување слабее со текот на времето. Експертите исто така наведуваат дека проблемот со недостиг на внимание се јавува уште во раното детство и најчесто се карактеризира со често заборавање, лесно губење на фокусот на вниманието и со хиперактивност.

Тимберлејк не е единствената позната личност која страда од вакви пореметувања, слични проблеми имаат Дејвид Бекам, Џесика Алба и неговата поранешна девојка, актерката Камерон Дијаз.


Наjновo од Забава
Тимберлејк е болно педантен
Леголенд
Сара во филм за осамените жени од Њујорк
Мадона дефинитивно се разведува
Појас за спасување од „Титаник“ продаден за 68.500 долари
Брега има голем „алат“
Во Америка тетовираат и заби
Роби Вилјамс падна во депресија
Не се бањам и по една недела!
Желбите на Мараја заповед за нејзиниот сопруг
Се омажив од погрешни причини
Ејми Вајнтхаус пуштена од болница
Селин Дион ја навреди музиката!
Видео клип
Што се манда???
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи