Беквалац ќе се разголи за FHM

Српската поп пејачка Наташа Беквалац деновиве ќе позира за машкото списание FHM, објави српскиот весник „Курир“.
Беквалац по долгите преговори сепак се согласила за поголема сума на пари да ја краси насловната страна на овој магазин. Според извори на „Курир“, хонорарот на Беквалац ќе биде поголем од 50 илјади евра, па така и не е за чудење зошто прифатила да се најде на страниците на FHM.

„Долго време се договараа за соработката. Се уште е актуелна кампањата во која Наташа и Данило рекламираат долна облека, поради што Наташа не сакаше да влетува од еден во друг проект, затоа мораше да се причека за сликањето“, вели изворот.

Хонорарот кој и е понуден на Наташа воопшто не е мал. Се шпекулира дека изнесува повеќе од 50 илјади евра. Кога ќе се земе предвид дека некои од српските ѕвезди позираа за слични магазин и тоа за пет пати помали хонорари, тогаш не треба да сме изненадени зошто Беквалац прифатила да се слика разголена. Со оглед на тоа што сите фотографии кои се објавуваат во овој магазин имаат доза на еротика, Наташа дефинитивно повторно ќе стане дел од машките сништа.
(Д.Т)
|