
|
 |
Забава / Showbiz
Памела го продава својот автомобил
Актерката Памела Андерсон го продава својот спортски автомобил на аукција, а собраните пари ќе ги подари на Фондацијата за животински права.
Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ веќе со години е голем активист за заштита на животните и член на Здружението за етички третман на животните (ПЕТА).
 Нејзиниот автомобил „доџ вајпер“ од 2000 година ќе биде продаван на аукција со почетна цена од 65.000 долари.
- Парите од продажбата ќе бидат искористени за да се тргне вниманието од лошите методи со кои се „зема“ кожата на змиите и алигаторите, најмногу во Индија, изјави портпаролот на ПЕТА Мајкл Мегро.
Оттаму велат дека на влекачите најчесто кожата им се вади на живо, а тоа придонесува да страдаат со часови и денови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|