
|
 |
Забава / Showbiz
|
|
Мајка ми би сакала да сум лезбејка
Холивудската актерка Памела Андерсон открива дека мајка и би била пресреќна доколку таа е лезбејка. Мајката на ѕвездата на „Чувари на плажата“ се надева дека нејзината ќерка ќе се полезбејчи бидејќи досега не бендисала ниту еден од мажите на Памела.
 Андерсон во полу-автобиографската книга „Star“,, која излезе во 2004 година има изјавено` дека имала лезбејски искуства. Но, актерката вели дека тоа е само фикција, единственото сексуално искуство со жена го има доживеано само во нејзините фантазии.
„Навистина е чудно, бидејќи јас никогаш не сум била со жена. Пишувањето за тоа е единственото мое такво искуство. Во последно време мајка ми вели, Ако го земам предвид твојот вкус за мажи, посреќна би била ако си лезбејка“, вели Андерсон.
Русокосата убавица, која патот кон слава го започна позирајќи за Плејбој, досега беше трипати мажена. Прво со рокерот Томи Ли, со кого беше три години во брак. Потоа следеше бракот со рокерот и рапер, Кид Рок и на крај со филмскиот продуцент Рик Соломон, со кого се разведе пред неколку месеци.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|