
|
 |
Забава / Showbiz
Спирс и папарацото Галиб повторно заедно
Популарната поп пејачка Бритни Спирс и папарацото Аднан Галиб, по одредено време, повторно се заедно.
Најлошо облечениот човек на светот, како што го оценија модните критичари, неколку пати е виден како во доцните часови излегува од куќата на Спирс, иако таткото на Бритни, Џејми жестоко се противи на нивната врска.
Неговата одлука не изненадува, затоа што проблематичната Бритни по раскинувањето на врската и последната средба со Аднан заврши во болница.
Како што пишуваат светските медиуми, нејзината одлука повторно да биде со Аднан е многу чудна, со оглед на тоа дека постојано најавуваше оти ќе си го среди животот. Бритни изјавуваше дека ќе се отсели од лосанџелскиот кварт каде живеат многу познати личности и ќе ги земе синовите со себе за да се посвети на нивното детство.
Спирс и Галиб неодамна беа во врска која ја прекинаа откако таа дозна дека Аднан има афери со други девојки. Бритни има две машки деца од бракот со Кевин Федерлајн.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|