вторник, 08.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Забава / Showbiz

Лепа Брена - елементарна непогодa

Судејќи според тоа што сè во последните неколку години и се случи на познатата српска пејачка Лепа Брена, би можело слободно да се каже дека таа е вистински магнет за елементарни непогоди.

Каде и да патуваше, некако успеваше да избегне тајфуни, цунами и урагани. За црните облаци кои веќе стануваат дел од нејзините концерти на отворено, нема потреба ни да се зборува, за нив веќе почнаа и анегдоти да се јавуваат. А се, како што вели Брена започнало на еден од концертите во белградски Ташмајдан.

„Пред 15 години концертот во Белград го одложувавме цели три недели поради постојаните дождови. Кога сфативме дека времето конечно се смири, решивме да одржиме концерт, па макар и секири да паѓаат. И речиси и така да беше. На сцената слетав со хеликоптер и само што се фатив за микрофон почна да капе. Се надевавме дека станува збор за обичен летен дожд, па не сакавме да се откажеме. Наскоро доживеавме вистински потоп. Капките ги надминаа сите мери, но се правевме на удрени. Повеќе од три часа публиката и јас стоевме во вода, заедно пеевме и лудо се забавуваме“, изјавила Лепа Брена.

Речиси и да нема патување на кое популарната пејачка немала непријатни искуства. Каде и да се појавеше, невремето рушеше се пред себе.

„Десет години подоцна, Бобан и јас за првомајските празници отидовме на Филипини. Отпатувавме од Србија, која тие денови беше поплавена. Само два дена по завршувањето на одморот, кога се вративме дома, слушнавме дека Филипните биле погодени од тропска бура во која загинаа многу луѓе. Не можевме да поверуваме“, вели Брена.

Но, тоа беше само почеток. Шест месеци подоцна, поточно во декември 2004 година, Брена отпатува за Тајланд. Благодарение на тоа за време на одморот и излегоа непланирани обврски поради кои мораше да го прекрати одморот, популарната пејачка мораше порано да го напушти островот. Еден ден пред апокалипсата, која се случи за време на католичкиот Божиќ, таа го напушта луксузниот хотел, кој еден ден подоцна се најде во епицентарот на Цунамито, кое беше предизвикано од земјотрес.

Повеќе од 80.000 лица настрадаа, хотелот исчезна, а никој од гостите во него не успеа да го преживее џиновскиот бран.

Подоцна, како што вели Брена, на Сејшелските острови и се случила уште една несреќа. Наместо приказни за прекрасните плажи, на кои со години се избираа најубавите жени на светот, Брена понела поинакви впечатоци.

„Домородците таму се бањаат и на огромни бранови. Решив и јас да пробам. Си помислив, ако можат тие, можам и јас. Ми се чинеше дека успеав, бидејќи го совладав првиот бран, но набргу наиде многу поголем кој целосно ме потопи. Иако поминав со помали повреди, сиот живот ми мина пред очи и си помислив, Боже што ми требаше ова!“, раскажува Брена.

Живојиновиќи имаат куќа на Флорида, но со оглед на тоа што овој дел од светот честопати е мета на урагани, и после се што им се случило, тие избегнуваат таму да одат на одмор.

„После еден од многубројните одмори кои ги минавме на Флорида, на овој дел од светот му се случи ураганот Катрина, кој го уништи и соседниот Њу Орлеанс и однесе над илјада животи. Не можам, а да не се запрашам што е следно. Очигледно дека на патувањата ме следи некоја лоша карма, па така неодамна во САД преживеавме и сообраќајна несреќа. За среќа настрада само автомобилот“, заклучува Брена.

(Д.Т)




Наjновo од Забава
Борат наметна ужасен светски моден тренд?
Мадона ги демантираше гласините дека се разведува
Инвазија на безличните вонземјани?
Лепа Брена - елементарна непогодa
Одложено снимањето на филмот „Пријатели“
Награда за животно дело
„ПЕТА“ и Шерон Стоун во конфликт
Секс и дрога во Хари Потер
Селма Хајек сака свадба како на Пепелашка
Спирс и папарацото Галиб повторно заедно
Кајли Миног одликувана
Видео клип
На Марс
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Diners
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи